Премиера за редизајнираниот Ranger кој во Европа пристигнува следната година / ФОТО+ВИДЕО
Со цел да го подобри новиот модел, Ford спровел повеќе од 5.000 интервјуа со сопственици на Ranger
Ford ја претстави редизајнираната верзија на Ranger. „Најпаметниот, најсестраниот и најспособниот Ranger досега“, според тврдењата од американскиот бренд, ќе им обезбеди на клиентите дополнителна доза на удобност, напредна технологија и подобрени теренски способности.
Со цел да го подобри новиот модел, Ford спровел повеќе од 5.000 интервјуа со сопственици на Ranger и на тој начин открил на што треба да се поработи.
Сегашните сопственици очигледно побарале порадикални дизајнерски решенија до кои се придржувал Ford. Агресивната маска, мрачниот поглед и елегантната „мускулеста“ каросерија сигурно ќе обезбедат моментална видливост додека задните промени се одработени колку да се каже дека нешто е променето.
Во европски рамки, монструозниот камион сега е 50 mm поширок и има 50 mm подолго меѓуоскино растојание, од што корист има патничката кабина. Со поголема удобност за патниците, постигнат е огромен напредок со дигитализацијата на пилотската кабина, која до неодамна изгледаше застарена.
Во средината сега е системот SYNC4 со екран на допир од 10,1 или 12 инчи, а има и целосно дигитална инструмент табла. Клиентите очигледно барале и поквалитетни материјали кои ги красат патничките моделите со значката на Ford, а челниците на марката послушале.
Ford не открива детали за моторизацијата за европските пазари, но претпоставката е дека ќе се нудат пар дволитарски дизели и 2,3-литарски EcoBoost во комбинација со новиот 10-брзински автоматик.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1ijqL4KEr8DJuq8zhueVEFg4Ca8EzYXiF” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Новиот Ranger ќе биде достапен во 180 земји во светот.