Новитет е „аеро комплетот“ со многу карбонски адитиви за верзијата S, која најмногу е фокусирана на спортско возење.

Иако Alpine веќе напорно работат на храбар план поточно да се префрли на електрична енергија и да претстави гама од три модели, сепак не заборавила да го освежи постоечкиот A110 кој го знаеме уште од 2017 година. Француското купе е многу интересен и атрактивен спортски автомобил, но на овие простори тешко се продава, да не речеме народки „ич“.

Досега беше достапен со три пакети опрема, а кои сега се наречени Pure, Legende и GT. Основната верзија е придвижувана од познатиот 1.8-литарски турбо мотор со четири цилиндри од 252 КС и 320 Nm максимален вртежен момент кој на задните тркала се пренесува со 7-степен автоматски менувач. Забрзување: 4,5 секунди до 100 km/h од место.

Верзиите GT и 110S имаат 300 КС и 340 Nm и спринт до 100 km/h за 4,3 секунди. Максималната брзина на на овие две варијанти е 260 km/h.

Новитет е „аеро комплетот“ за верзијата S, кој најмногу е фокусиран на спортско возење, а се состои од карбонски заден спојлер, карбонски преден сплитер и помали додатоци. За подобрена ефикасност придонесува и задниот дифузер, а новите делови обезбедуваат 60 kg потисок напред и 81 kg назад при максимална брзина од 275 km/h со „aero kit“.

Верзијата S сега има дополнително зацврстено тело, 50 проценти поцврсти пружини, нови амортизери и стабилизатори со карактеристики блиску до трчачка патека и стандардни гуми Michelin Pilot Sport Cup 2 Connect.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Има новости и во кабината: 7-инчен мултимедијален екран на допир кој конечно ги содржи Apple CarPlay и Android Auto.

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD

Baki the Grappler: Maximum Tournament Episode 24

4Anime: Amefuri Kozou anime episode Full online free at https://4anime.biz 4anime death parade

Animepahe Watch anime online, English anime online HD

Website https://animetv.cc: Watch Sailor Moon R animetv Episode 43 death note anime tv