Polestar поседните години ја зацврсти својата позиција на пазарот на премиум електрични возила

За Polestar 4 целта била создавање на SUV купе, но не на вообичаен начин – станува збор за кросовер со спуштен кров и четири врати. Ваквите дизајни често се засноваат на постоечките теренци, притоа жртвувајќи го просторот за главата во задниот дел. Polestar го избегнува ова со чист дизајн кој се фокусира на удобноста за патниците на задните седишта.

„Го дизајниравме Polestar 4 од темел како нов вид SUV купе кое го слави комфорот и искуството на патниците на задните седишта“, вели Томас Ингенлат, извршен директор на Polestar.

Моделот би требало да биде и најбрзиот автомобил на Polestar досега. Максималната моќност која доаѓа од двомоторниот погон на четири тркала е 544 КС, што овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 3,8 секунди. Моделите со еден мотор ќе бидат достапни и во конфигурација со погон на задните тркала и со 272 КС.

Моделите со долг домет со кој било погон ќе имаат батерија од 102 kWh. Изведбата со еден мотор ќе има најдолг досег, при што Polestar цели на 480 километри според EPA. АС полнењето од 22 kW ќе биде стандардно достапно заедно со брзо полнење од 200 kW DC кај сите модели.

Како што може да се види на концептниот автомобил Polestar Precept, Polestar 4 го елиминирал традиционалното задно стакло. Наместо тоа, стаклениот покрив со целосна должина едноставно се протега до задниот дел, зад вториот ред. Опремен е со електрохромна функционалност, овозможувајќи блокирање на сонцето кога ќе сакате, без потреба од традиционална „завеса“ од ткаенина.

Како што е случај со електричните возила, аеродинамичната ефикасност била примарен двигател на дизајнот. Во овој случај, отпорот е минимизиран со карактеристики како што се рачките на вратите кои се вовлекуваат и прозорците што се спуштаат надолу. Назад, протокот на воздух е оптимизиран околу лентата на задното светло, со делови кои работат како „аеро лопатки“ за да создадат „слободно лебдечки вител“ што дополнително го намалува отпорот на возилото.

Внатре, Polestar продолжува да се потпира на своите елегантни, чисти естетски основи. Внатрешните рендери во оваа фаза се со златните безбедносни појаси на брендот, кои се во одличен контраст со белиот ентериер. Исто така, фокусот е и на одржливоста. Одредени компоненти ќе се произведуваат со метод на „еден материјал“ каде што сите слоеви се направени од ист основен материјал, со цел да се подобри способноста за рециклирање.

Polestar 4 ќе започне со производство во фабриката на компанијата во заливот Хангжу во Кина во ноември 2023 година. Лансирањето во САД е планирано за 2024 година со „индикативна цена за лансирање“ од околу 60.000 долари (54.000 евра).