Новите X5 M и X6 M сега ексклузивно се нудат во Competition варијанта, со поостар стил и ревидиран V8 хибриден мотор

Само неколку недели по премиерата на редизајнираните X5 и X6, BMW ги лансираше водечките М модели во гамата. Новите X5 M и X6 M сега се ексклузивно понудени во Competition варијанта, со поостар стил, најнов заоблен дигитален кокпит и ревидиран V8 мотор со додаток 48V благ хибриден систем.

На хартија, ажурираните Competition модели произведуваат исти 625 КС (460 kW) и 750 Nm вртежен момент како и нивните претходници. Сепак, 4.4-литарскиот twin-turbo V8 е благо електрифициран со систем од 48 V и носи неколку надградби – засилена радилица, ажурирани турбополначи, нов доводен колектор…, менувајќи ја ознаката од S63 во S68.

Електричниот мотор од 48V благ хибриден систем е интегриран во осум-брзинскиот M Steptronic менувач, кој ја добива предноста од пократок степен на пренос и побрзи промени.

Од BMW велат дека надградениот и електрифициран погон резултира со „поостар одговор и зголемена ефикасност“ во споредба со единицата во заминување. Сепак, нема промена во перформансите бидејќи спринтот од 0 до 97 km/h се постигнува за 3,7 секунди, а максималната брзина е ограничена на 250 km/h или 285 km/h со опционалниот пакет M Driver.

Вреди да се напомене дека ова се првите модели на BMW M со блага хибридна технологија, бидејќи електрифицираниот XM има plug-in хибриден погон. Стандардните карактеристики во однос на перформансите вклучуваат систем за погон на четири тркала M xDrive, активен M заден диференцијал, издув M Sport со електронски контролирани клапни, систем за сопирање M Compound и систем за адаптивна М суспензија со префинети поставки.

 

Што се однесува до стилот, теренците со ознака M ги прифаќаат потенките LED фарови и графиката на LED задните светла во форма на Х од помалите варијанти, но ги комбинираат со спортски комплет за каросерија и алуминиумски тркала со поголем дијаметар. Ревидираната решетка на „бубрезите“, со работ инспириран од XM, кој ја поврзува со долниот довод за воздух на браникот, предниот сплитер, четирите издувни цевки и дифузерот се обоени во црна боја, како и ознаките.

Палетата на бои е проширена со новите Brooklyn Grey Мetallic, Isle of Man Green Мetallic и Frozen Pure Grey Мetallic нијанси, заедно со 50 специјални бои на BMW Individual.

Една од најважните надградби е воведувањето на заоквирен екран, кој постепено се пронаоѓа во целата гама на BMW. Заоблениот панел има 12,3-инчен дигитален дисплеј и 14,9-инчен инфозабавен екран кој работи на оперативниот систем BMW 8. Екраните имаат M-специфична графика, а вклучен е и Head-Up дисплеј.

Меѓу новите карактеристики воведени со освежувањето на моделите се лента на амбиентално осветлување на контролната табла со кристална структура на површината и карбонски рачки за менувачот. Двата модели доаѓаат стандардно со внатрешен тапацир од јаглеродни влакна, M кожен волан, Мерино кожен тапацир, аудио систем Harman Kardon и панорамски подвижен покрив.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

BMW X5 M / BMW X6 M