Премиера за новиот M4 CSL: Лесно „чудовиште“ со 550 КС / ФОТО+ВИДЕО
Ќе бидат изработени само 1.000 примероци за цел свет по цена од 165.200 евра, колку што моделот чини во Германија
BMW ја претстави новата изведба на моделот M4 со култната CSL ознака, која е модел над верзијата Competition и кој по се е поблиску до тркачка патека отколку до регуларен пат.
Кратенката означува „Конкуренција, спорт, лесен“ (Competition, Sport, Lightweight), каде клучен збор е третиот, а автомобилот доаѓа олеснет до тој степен што покрај обилната употреба на јаглеродни влакна каде е можно за помала тежина, се отфрла и задната клупа.
Благодарение на максималното олеснување, M4 CSL е полесен за 109 КС од Competition, приближно исто како што беше во 2003 година со генерацијата E46 M3 CSL во споредба со стандардната.
Од друга страна, моќноста е зголемена за 40 КС во однос на M4 Competition или вкупно 550 КС кои доаѓаат од редниот 6-цилиндерски твин-турбо мотор. Погонската е задната оска затоа што погонот на сите тркала би ја отежнал каросеријата, но нема мануелен менувач туку доаѓа само со 8-степен автоматик М. Во секој случај, односот тежина-моќ е 3 кг/кс, а резултатот е најбрзиот сериски BMW кој некогаш возел на Нирбургринг со време од 7:20,2.
„Слабеењето“ отсекогаш било основна филозофија на секој CSL. Покрај ослободувањето од задните седишта, предните седишта се заменети со M Carbon школки (заштеда на 24 kg). Карбон-керамичките сопирачки, лиените бандажи и полесните пружини и потпори ја намалуваат тежината за уште 21 кг, дополнителни 15 кг се заштедени при отстранување на звучната изолација, додека 4 кг се заштедени при поставување на титаниумскиот издув. За остатокот од заштедата на тежина се погрижиле хаубата, покривот и капакот на багажникот изработени од карбонски влакна.
Моторот постигнува 550 КС и 649 Nm, кој се достапен од 2750/мин, што му овозможува на новиот M4 CSL да спринта до 100 km/h за 3,5 секунди и да достигне максимална брзина од 307 km/h. Во BMW, ја нагласуваат природата на моторот кој сака високи вртежи и обрнуваат внимание на специјално дизајнираните елементи како што се држачите за моторот и менувачите кои го подобруваат преносот на енергија на патот и ја подобруваат поврзаноста на автомобилот со возачот. Тие исто така нагласуваат дека осумстепениот менувач со посебен режим е подесен да обезбеди што поголемо задоволство на возачот на патеката. Суспензијата е пониска и засилена со цврста врска помеѓу каросеријата и задната подрамка со специјални стабилизатори.
Програмата за контрола на пролизгување е исто така приспособена за CSL, со опција која овозможува контролирано занесување. Моќта се контролира со сет од шест-клипни сопирачки со фиксирани клешти напред и еден клип со „лебдечки“ клешти на задната страна. Чувството на педалата може да се прилагоди преку М менито за прилагодување. Моделот е поставен на Cup 2 R гуми од 275/35 ZR19 напред и 285/30 ZR20 назад.
Главни надворешни карактеристики се „ducktail“ спојлер на капакот на багажникот и ласерските LED светла, со предни жолти LED дневни светла.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1Gy24QHgPgHNgQ6Cya-1aUD6gPhtAg5jD” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Од моделот ќе бидат направени само 1.000 примероци за цел свет по цена од 165.200 евра, колку што моделот чини во Германија. Ова е солидна доплата во однос на стандардниот М4 кој чини 100.000 евра, но со CSL верзијата BMW пристигнува на територијата на модели како на пример, Porsche 911 Carrera GTS …