
Премиера за новиот електричен теренец – Mercedes EQE / ФОТО+ВИДЕО
За 9 cm пократок од седанот, EQE SUV има електрични мотори од 408 до 687 КС и автономија до 590 km
По електричните SUV модели EQC и EQS, Mercedes ја затвора приказната со нов модел произлезен од седанот EQE. Опремен со најнова технологија за удобност, забава и безбедност, доаѓа и во AMG варијанти.
Автомобилот е дизајниран по урнек на другите EQ модели. Изгледа покомпактен од моделот EQE, што не е изненадувачки бидејќи има 9 cm пократко меѓуоскино растојание (3.030 mm), а долг е 4.860 mm. Покрај тоа што е повисок (+ 19 cm), тој е и поширок во споредба со седанот (3.000 mm).
Сето ова придонесува на просторноста во кабината за патниците и багажот, кој пак располага со убави 520 литри, кои пак може да се зголемат на 1.675 литри со преклопување на задната клупа.
При производството се размислувало и за одржливост, па така, на пример, 70 отсто од каросеријата е од рециклиран челик, а вкупно 70 килограми компоненти се произведени со мало влијание врз животната средина, како што се рачките на вратите, кои се направени од рециклирана пластика.
Во кокпитот доминира MBUX Hyperscreen со три OLED екрани сместени на контролната табла со ширина од 141 cm, што ја заокружува приказната елегантно и пријатно за око. Екранот пред возачот е 12,3 инчи, централниот 17,7 инчи, а пред совозачот 12,3 инчи.
Инфозабавата е опремена со можности за учење и интегрира бројни забавни услуги, вклучувајќи ги и оние на ZYNC кои му овозможуваат на патникот да гледа стриминг содржина.
Многу важен е и придонесот на системот за навигација, кој може да ја планира најбрзата и најудобната рута преку пресметување на запирањата за полнење динамички реагирајќи на сообраќајот или на варијации во стилот на возење. Меѓу другото, возачот може да ги приспособи предложените рути со додавање станици за полнење што ги претпочита и исклучувајќи ги другите.
Со цел да се максимизира удобноста во возилото, теренецот EQE се потпира на Energizing Air Control Plus, кој вклучува HEPA (висока ефикасност на честички на воздухот) филтер кој го прочистува воздухот со многу високо ниво на филтрација и велнес програма што го намалува стресот на патниците и возачите со седишта со масажа како и со врвниот звук од аудио системот во Dolby Atmos.
Постојат четири режими на возење (Eco, Comfort, Sport и Individual), што овозможува висок степен на прилагодување на различни параметри), додека верзиите со погон на сите тркала се опремени со дополнителна Offroad програма за подобрување на држењето на асфалтот.
Понатаму, додека возите, регенерацијата можете да ја поставите во три нивоа на забавување (D+, D, D-) со помош на лостовите зад воланот, а со доплата тука е ивоздушната суспензија Airmatic со прилагодливо подесување на ADS+ амортизерите, кој во зависност од условите на возење ја менува висината на автомобилот до 30 mm.
Списокот на безбедносна опрема е за почит. Стандардните карактеристики се Attention Assist, Active Brake Assist, anti-skid, паркирање со камера за рикверц и автоматско откривање на ограничување на брзината, а активна помош за слепите точки, автоматско управување во случај на итност, како и Pre-Safe Plus кој ги минимизира ефектите од судир одзади или страничен удар.
Од самиот почеток се понудени три модели: 350+, 350 4Matic и 500 4Matic. Првиот има само заден електричен мотор и 292 КС и вртежен момент од 565 Nm, додека другите два модели имаат уште еден напред и погон на сите тркала. 350 4Matic има и 292 КС, но има поголем вртежен момент од 765 Nm, додека 500 4Matic има 408 КС и 858 Nm.
Архитектурата е 400 волтна, батеријата е литиум-јонска батерија од 90,6 kWh, која се полни со наизменична струја до 22 kW и до 170 kW. Автономијата, според проценките на WLTP, се движи од 460 до 590 km.
Може и побрзо: Mercedes-AMG за прв пат ја нуди својата спортска верзија на електричниот теренец – Mercedes-AMG EQE, кој во најмоќната верзија се нарекува AMG EQE 53 4Matic+ Dynamic Plus и има 687 КС и 1000 Nm.
До 100 km/h, оваа „top gun“ верзија спринта за 3,4 секунди и вози до 240 km/h.
Стилот на додатоците на каросеријата е стандардно агресивен во традицијата на AMG, со специфичен преден сплитер и браник и специјални аеродинамички детали. Логото на хаубата е од марката AMG и за прв пат е поставено наместо стандардната трокрака ѕвезда. Цените и спецификациите на опремата ќе бидат објавени во декември, но првите испораки на главните европски пазари се очекуваат во пролетта 2023 година.