Моделот GLC во последните две години е најпопуларниот модел на Mercedes, симнувајќи го од тронот седанот наречен C-Class. Минатата година од моделот се испорачани 270.000 примероци, па затоа германскиот производител воопшто и не се обидел да експериментира, бидејќи статусот на бестселер не дозволува никакви егзибиции

Новитетот доаѓа во скоро зачувани пропорции, па препознатли останал дури и сегментот од стаклата ако се гледа странично. Сепак, зголемување има кај меѓуоскиното растојание од 15 mm, така што сега изнесува 2.888 mm. Должината е во плус за 60 mm, па овој кросовер мери во должина 4.716 mm. Зголемувањето најмногу се однесува на делот зад задната осовина.

Така, излегува дека сега GLC го надминал Audi Q5 (4.682 mm), па дури и BMW X3 (4.708 mm). Ширината не е променета, што значи дека останува 1.890 mm, но затоа возилото е спуштено за симболични 4 mm (до 1.640 mm). Трагата на тркалата е проширена за 6 mm напред, а за 23 mm наназад.

Погонски системи и управување

Асортиманот на достапни мотори се заснова на 4-цилиндерски модификации со 2-литарски единици од модуларното семејство на мотори. Тоа се бензинскиот GLC 200 со 204 КС и 320 Nm максимален вртежен момент и GLC 300 со 258 КС и 400 Nm, како и дизелот GLC 220 d (197 КС, 440 Nm).

Се планира и верзија со шест цилиндри и ќе ја носи налепницата GLC 400 d (погонски систем со линиски 3-литарски турбодизел кој сепак подоцна ќе се појави во каталогот). Сите мотори имаат 48-волтен анласер-алтернатор систем, кој испорачува дополнителни 23 КС и 200 Nm, во првите секунди од забрзувањето. Менувачот е деветстепен „автоматски“ и на пазарот е познат под комерцијалното име 9G-Tronic.

Тука се и трите plug-in хибриди, а еден од нив има дизел мотор, што е навистина реткост во денешната автомобилска индустрија. Сите располагаат со 2.0-литарски 4-цилиндерски мотори потпомогнати од електромотор кој отфрла респектабилни 136 КС, а кој е интегриран во гореспоменатиот деветстепен автоматски менувач. Електричниот мотор има вртежен момент од 440 Nm. Тука спаѓаат GLC 300 e (313 КС и 550 Nm), GLC 400 e (381 КС и 650 Nm) како и GLC 300 de (335 КС, 750 Nm). Најмоќниот може да забрза од место до „стотка“ за 5,6 секунди.

Сите хибриди од семејното име GLC нудат иста тракциона батерија сместена под багажникот со капацитет од 31,2 kWh. 

Сите plug-in хибриди имаат електричен досег поголем од 100 километри (WLTP). Забележлив е поголемиот досег во чисто електричен режим благодарение на што, секојдневните растојанија во најголем број случаи може целосно да се поминат со електрична енергија. Подобрениот хибриден режим на возење обезбедува електричен режим на возење за најсоодветните делови од рутата. Електричното возење е приоритет на подолгите патувања во урбаните средини, на пример.

GLC значително ги подобрил перформансите како на афлатот така и вон него за неповолни временски услови. Ова вклучува поедноставено управување со користење на екранот за теренско возење, појасни информации благодарение на „проѕирната хауба“ (при брзини до 8 km/h, мултимедијалниот систем ја запомнува сликата од предната камера и ја репродуцира на екранот со потребното доцнење, прикажувајќи ја моменталната илустрација на површината на патот под предните тркала) и извонредната тракција и сигурност благодарение на подобрените системи за управување. Ова важи и кога plug-in хибридот се вози само на електрична енергија.

Клучните компоненти на динамички дизајнираната шасија GLC се новата предна суспензија со четири врски и независната задна суспензија со повеќе врски. Стандардна суспензија веќе обезбедува високо ниво на суспензија, удобност при возење и намалување на бучавата, агилно управување и задоволство при возењето. Тој е опремен со систем за пригушување зависен од амплитудата. Воздушното потпирање AIRMATIC има променливо прилагодливо пригушување на на амортизерите во сите режими на работа.

Новиот GLC е особено агилен и стабилен со опционалната контрола на задната оска комбинирана со подиректен однос на управувањето на предната оска. Аголот на управување на задната оска е до 4,5 степени. Ова го намалува кругот на вртење за 90 сантиметри, на 10,9 метри.

Во аеродинамички најповолната конфигурација, минималниот коефициент на отпор на GLC е Cd = 0,29. Ова го прави за две десетинки подобар од неговиот претходник (Cd = 0,31) што е значително подобрување за конвенционалните теренци. 

Дизајн 

Уникатните пропорции со класични SUV карактеристики како што се симулирана хромирана заштита на шасијата, шини на покривот и опционалните надворешни прагови се комбинирани со нови контури на заоблувањето на страните за да создаде рамнотежа помеѓу елеганцијата, спортскиот карактер и перформансите надвор од патот. Меѓу најважните иновации се новите фарови, кои се во директен контакт со решетката (маската) на ладилникот и ја нагласуваат ширината на возилото. Во комбинација со опционалните DIGITAL LIGHT, во нив се вградени и дневни светла. Друг визуелен белег е решетката (маската) со хромирана рамка во стандардната опременост AVANTGARDE.

И во салонот GLC ја продолжува успешната формула на модерен, спортски луксуз од Mercedes-Benz. 

Виртуелната инструментација е веќе стандардна со екран од 12,3 инчи во дијагонала, додека централната конзола е заменета со вертикално поставен таблет на допир. Има дијагонала од 11,9 инчи и е малку свртен кон возачот. Опционално е достапен и head-up дисплеј. Конструкторот ветува и побогата звучна изолација, па за прв пат е употребена облога дебела два милиметри. Се базира на битумен, со цел да се изолира централниот тунел.

Гласовниот асистент Hey Mercedes сега има поголеми можности за дијалог и учење. Функцијата MBUX Smart Home го претвора GLC во мобилен конторлен центар за контрола на домот.

Списокот на опции вклучува и клима уред со четири зони на работа, систем на камери за целосен надзор над возилото, панорамски подвижен покрив, Burmester  аудио систем со 15 звучници, предни седишта со повеќе контури збогатени со функција за масажа…

Дел од стандардната опрема е електрично управуван капак на багажникот и триделна задна клупа со формула за спуштање на потпирачот за грб: 40:20:40. Волуменот на багажникот под одредени услови се зголемува од 550 на 620 литри, иако не се добива премногу со спуштање на задните седишта, па се зголемува од 1.600 на 1.640 литри. Секако, споредбите се со моделот од првата генерација.

Системи за помош при возење

Последната генерација на пакети за помош при возење вклучува дополнителни и подобрени функции, како на пример Active Distance Assist DISTRONIC, Active Steering Assist, Traffic Sign Assist, нов пакет за паркирање со камера од 360 степени и помош при маневрирање со приколка (Trailer Manoeuvring Assist) .

Револуционерна технологија на фаровите DIGITAL LIGHT (опционално) обезбедува нови функции како што се проекција на помошни знаци и симболи за предупредување за патишта.

Компонентите и системите на GLC се подобрени во голем број детали, како на пример со ENERGIZING AIR CONTROL систем, AIR-BALANCE, GUARD 360°, амбиентално осветлување или нов панорамски покрив. Опционалното мултиконтурно седиште сега има проширени функции за масажа.

Прифаќањето на нарачки за новиот Mercedes-Benz GLC започнува на крајот на овој месец и истовремено се започнува на производството што ќе се организира во татковината на Mercedes, односно во Германија. 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1gUMmolwBHtCYLTpXVgkrhS-M5WVBJMWT” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Цената на GLC во заминување во Германиј започнува од 48.000 евра, додека моделот од втората генерација ќе биде поскап. Не се сомневајте во тоа. Моќните верзии на AMG како и купе модификацијата ќе бидат прикажани подоцна.