Најпопуларниот американски автомобил ја доби својата 14-та генерација

Ford F-150 својата пазарна промоција ја имаше пред 43 години. Претходната, 13-та генерација на пикап-камионeтот се претвори во револуција, бидејќи во нејзината конструкција се користеше главно алуминиум. После 6 години на пазарот и едно освежување во 2017 година, Ford ја претстави новата генерација на најпопуларниот автомобил во Северна Америка.

Овој пат нема револуција. Ford F-150 е сè уште единствениот пикап на пазарот со алуминиумска школка, а со тоа и околу 300 килограми полесен од кој било конкурентен модел. Димензиите не се значително променети значително, така што камионот сега е малку повисок и поширок, но генералната идеја не е променета.

Надворешно промените не се сериозни, а сличноста со претходната генерација е намерно зачувана. Ford тврди дека сите панели за каросеријата се нови, а благодарение на освежениот дизајн, ова е најаеродинамичен пикап-камионет во историјата на моделот.

Новиот Ford F-150 ќе биде достапен со три типа на кабини, секоја со две варијанти помеѓу оските. Има шест нивоа на опрема, како и моторите, додека менувачот нема алтернатива – 10-брзински автоматски SelectShift. Пикапот ќе биде достапен со 11 варијанти на предната решетка и голем избор на тркала – од 17 до 22-инчи. Сепак, LED светилки не се вклучени во основната опрема.

Основната верзија располага со 8-инчен екран и аналогни уреди, а како опција за некои верзии ќе се понуди виртуелна табла со 12-инчен дисплеј.

Најавени се поинтересни опции за пикап ентериерот. На пример, седиштата Max Recline може да се ротираат скоро 180 степени, а системот Interior Work Surface обезбедува простор за удобно јадење, потпишување документи или поставување лаптоп од 15 инчи. Ford F-150 исто така може да биде опремен со системот Pro Power Onboard, кој овозможува напојување од електричниот систем на пикап на разни уреди – од фрижидери до тешки градежни алати. Со бензински мотор, генераторот обезбедува 2 киловати, а со новата единица – до 7,2 киловати.

Новите опции за F-150 вклучуваат далечински управувачки систем за ажурирање на софтверот (за прв пат во сегментот), голем број на онлајн услуги до кои се пристапува преку SYNC 4 системот, систем со звучници Bang & Olufsen и 10 нови асистенти за возачот . Тие се дел од Co-Pilot360, а меѓу нив е и функцијата за полу-автономно возење односно во одредени услови пикапот може да се движи без помош на возачот.

Моторизација

Не затоа што е лоша, туку затоа што практично не е променета, што можеби и не мора да биде проблем. Во понудата се пет бензинци, еден дизел и целосно нов хибриден модел. Во однос на атмосферскиот бензинец, станува збор за познатиот 3.3-литарски V6 со 290 коњски сили (достапен само во најевтините две нивоа на опрема), како и познатиот Coyote 5.0-литарски V8 со 395 КС.

Ford очекува повеќето клиенти да се одлучат за еден од трите EcoBoost турбобензинци. Најмалиот, со зафатнина од 2.7-литри, доаѓа со 325 КС додека 3,5-литарскиот е достапен во верзии со 375 и 450 КС (последниот е резервиран само за Limited пакетот на опрема.

Единствениот дизел што се нуди, оној со волумен од 3.0-литри, повторно пристигнува со 250 КС. Единствениот менувач е 10-степен автоматски развиен во соработка со General Motors, а моќта се пренесува на задните или на сите четири тркала. 

Новиот хибрид ќе се заснова на гореспоменатиот 3.5-литарски турбобензинец и ја носи ознаката PowerBoost. Електричната единица ќе додаде 47 КС, а вкупната моќност е 422 КС. Со едно полнење на гориво во резервоарот со капацитет од дури 113 литри, PowerBoost ќе може да помине и до 1.120 километри помеѓу две полнења, додека истовремено ќе може да повлече товари со тежина до шест тони.

Производството стартува кон крајот на годината, а цената се движи од 30.000 па се до 80.000 американски долари.

Loading...