Пред само неколку часа во САД е тргнат превезот од Tesla Model S Plaid

Пред само неколку часа во САД е тргнат превезот од Tesla Model S Plaid.

Штотуку е прикажан најбрзиот сериски електричен автомобил конструиран досега, не сметајќи го, се разбира, Rimac Nevera. Tesla Plaid Model S е всушност следниот чекор во еволуцијата, наследник на верзијата Ludicrous, но во исто време и последната варијанта на Model S, со оглед на тоа што верзијата Plaid+ е откажана.

Tesla и претходно ги објави спецификациите и деталите поврзани со Model S Plaid, така што во основа се знае многу за автомобилот.

Освежениот Model S јасно гравитира во однос на стилот на Model 3 и Model Y, иако „отсечениот“ управувач можеби е неочекувано решение. Внатрешноста изгледа почисто, додека масивниот централен екран е повеќе во согласност со поновите модели на Tesla.

Задниот дел на Model S сега има екран, што е добредојдена аквизиција, а што се однесува до другите промени, тие не се толку забележливи.

Телото на автомобилот во голема мера изгледа како Plaid верзиите на Model S кои досега беа забележани на тест патеките. Во суштина, надворешниот изглед е нешто поспортски ориентиран, поспремен за „акција“.

Во однос на перформансите, Tesla посочува дека промените што ги донел Model S Plaid имплицираат нов погонски систем, вклучувајќи батериски модули, пакети и погонски единици. Од Tesla велат дека Model S и Model X сега имаат технологија на моторот слична на Model 3 и Model Y, што му овозможува на Model S да изведува повеќе спринтови без никакви проблеми.

Американската компанија вели дека верзијата Plaid од 0 до 96 km/h ќе забрзува за 1,99 секунди, а една четвртина милја ќе минува за 9,3 секунди, што го прави побрз од Bugatti Chiron (но не и од Rimac Neverа).

Спецификации

  • 0-96 km/h – 1,99 секунди
  • 1.040 КС
  • Три високоперформантни погонски единици
  • Дискови обложени со јаглеродни влакна
  • Векторирање на вртежниот момент