Премиера за најбрзиот родстер во светот: Bugatti W16 Mistral со 1.600 КС ќе се произведе во само 99 примероци / ФОТО
Bugatti својата речиси 20-годишна приказна со W16 quad-turbo моторот ја завршува со Bugatti Mistral, speedster вреден 5 милиони долари
Mistral, именуван по ветer od југот на Франција и ознака претходно користена од Maserati, е првата верзија на Chiron со отворен покрив, а воедно и првиот родстер на Bugatti откако Veyron Grand Sport Vitesse излезе од производство во 2015 година. Од компанијата велат дека ќе бидат произведени само 99 автомобили, но клиентите на испорака ќе мора да почекаат до почетокот на 2024 година.
Моторот во Mistral, 8.0-литарскиот W16, произведува 1.600 КС и 1.600 Nm вртежен момент и всушност е позајмен од Super Sport 300+, кој забележа рекордни 490,5 km/h на тест патеката на Volkswagen Ehra Lessien во 2019 година. Експертите за аеродинамика на Bugatti специјално го модифицирале телото на 300+ за да ги постигнат тие брзини, но Mistral нема да биде ни приближно толку брз, особено поради отстранетиот покрив.
Но, компанијата е прилично јасна дека го дизајнирала Mistral да биде најбрзиот кабриолет во светот. Компанијата постави рекорд на сериски автомобил од 409 km/h со Grand Sport Vitesse во 2013 година и верува дека тој рекорд сè уште стои, иако Hennessey го „дигна“ својот Venom GT Spyder до 413 km/h во 2016 година, а новиот Venom F5, кој беше претставен изминатава недела во Монтереј, забрзува до скоро 483 km/h.
Иако дели мотор и платформа со Chiron, Mistral се чини дека е радикално различен од другите автомобили на Bugatti. Од компанијата велат дека инспирацијата доаѓа од Type 57 Roadster Grand Raid од 1934 година, но Mistral не е ретро автомобил, како што Centodieci наликува на EB110. Наместо тоа, нуди само суптилни референци.
Лансираниот Mistral ја позајмува жолтата и црната шема Grand Raid, комбинација која Еторе Бугати ја користел на многу негови автомобили.
Тргањето на покривот значело и губење на огромниот стилски украс на Chiron во облик на буквата C што се протега од над стаклото на вратите до основата на истите. Но, мотивот С е сè уште тука, само што овој пат оди од горната линија на прозорците и потоа се враќа назад кон носот преку средината на вратите.
Без разлика дали ви се допаѓа ликот на Mistral или не, задниот дел е феноменален. Aко не сте забележале дека задните LED светла го имаат истиот облик X како на моделот наменет само за тркачки патеки Bolide, сигурно ќе можете да го забележите стилскиот потпис на Bugatti во централната светлосна лента.
Кога станува збор за внатрешноста, таа и не е толку непозната бидејќи во голема мера е позајмена директно од Chiron, како на пример контролната табла и внатрешните елементи.
Како што веќе наведовме, од моделот ќе бидат произведени само 99 автомобили, но клиентите на испорака ќе мора да почекаат до почетокот на 2024 година.
[useyourdrive dir=”1DHuWaGYVtlpUOTyyVuvUWRAUGXRPy7HK” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]