Пред три години Mercedes влезе на пазарот за електрични теренци. По EQC, следеа помалите EQA и EQB, па EQE, за сега да биде претставен и предводникот во понудата – EQS!

Теренецот EQS ќе се произведува во САД, а оттаму ќе пристигнува во остатокот од светот. Поставен е на модуларната EVA платформа, која ја користи и EQS во седан изведба. За почеток, трикраката ѕвезда нуди само една батерија со капацитет од 107,8 kWh. Спакувана е во подот на возилото, а од Mercedes наведуваат дека овој модел има најнизок центар на гравитација во целата SUV гама на таа марка.

Теренецот EQS е долг дури 5.125 mm, широк 1.959 mm и висок 1.718 mm. Тоа укажува дека не е најголемиот кросовер во гамата на германската марка, бидејќи е понизок и пократок од GLS. Сепак, на полето на меѓуоскиното растојание, со 3.210 mm, тој е за 75 mm подобар и поимпресивен.

Теренецот EQS стандарно има електричен погон на задната оска (450+), а верзијата со погон на сите тркала 450 4MATIC и на предната оска. Кај 4MATIC моделот, функцијата Torque Shift обезбедува интелигентна, континуирано променлива дистрибуција на погонскиот вртежен момент помеѓу електричните мотори на двете оски.

Верзиите EQS 450+ и EQS 450 4MATIC располагаат со 355 КС (264 kW) и 568 Nm вртежен момент односно 800 Nm, соодветно. Најмоќниот во понудата за сега е EQS 580 4MATIC кој нуди 536 КС и 858 Nm вртежен момент.

Според Mercedes, и двата теренци можат да се полнат од 10 до 80 проценти за само 31 минута кога ќе се поврзат на брз DC полнач. Моделите имаат можност да се полнат и со максимална моќност од 200 kW, а при полнење со наизменична струја и двата модела батереиите целосно ќе бидат полни за нешто повеќе од 11 часа.

Германците велат дека теренецот EQS, во зависност од избраната верзија, може да помине од 536 до 660 километри со едно полнење на батеријата според WLTP тест циклусот. Сепак, овој целокупен опсег е значително помал отколку кај седанот EQS, кој може да помине 770 km (според WLTP). Дополнителни 300 километри се достигнуваат со само 15 минути полнење.

Верзијата 450+ ќе доаѓа стандардно со 12,8-инчен мултимедијален дисплеј и 12,3-инчен дисплеј на инструмент таблата. Ќе има и панорамски покрив, седишта со греење, но и опција за додавање трет ред на седишта за вкупно седум патници. Врвот на внатрешната опрема е MBUX Hyperscreen. Овој голем, заоблен дисплеј се протега речиси целосно од левиот кон десниот А-столб. Трите екрани се наоѓаат под заедничко капак стакло и се визуелно поврзани.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1jVRu67sbi5DRlVfDihLK8skg9s0tx4VL” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Теренецот EQS во продажба ќе влезе на крајот од годината, а цените се уште не се познати.