Премиера за Land Rover Defender 130 / ФОТО+ВИДЕО
Модерниот Defender ја доби третата верзија во понудата, по кратката верзија со три врати или Defender 90 и онаа со еден пар врати повеќе или Defender 110
Низ историјата, британскиот Land Rover нумеричкиот индекс го користел за возилата да ги разликува според бројот на инчи (растојание) што ги дели предната и задната оска, така што 130, нормално, е онаа најдолгата, со најголемо меѓуоскино растојание. Велат традициите постојат за да се менуваат, па во тој дух британците овојпат отстапиле од тоа непишано правило, а новитетот, иако подолг, нуди идентично меѓуоскино растојание, како и помалата варијација.
Новиот Defender 130 има подолг заден дел, за цели 340 милиметри, во однос на добро познатиот Defender 110, со кој, како што рековме, дели подеднакво меѓуоскино растојание. Севкупната должина на новитетот пораснала од 5.018 mm на 5.358 mm (иако со вклучено задно односно резервно тркало на задниот дел на возилото).
Defender 130 обезбедува ентериер погоден за осум лица во три реда седишта во форма 2 + 3 + 3. Третиот ред нуди греење на седиштата, меки потпирачи за раце и конектори од типот USB-C, па дури и децата кои традиционално се занимаваат со гаџети ќе имаат место за „поврзување и полнење“. Со сигурност ќе им се допадне дополнително обезбедениот дел од панорамскиот отвор на покривот, кој веќе е вклучен во основниот пакет.
Иако нема семејни прозорци во задните опаѓачки сегменти на покривот (столбовите), нема сомневање дека дури и оние патници кои се најдалеку од возачот ќе уживаат во ова возило. Потпирачот за грб на третиот ред седишта е делив во сооднос 40:20:40. Волуменот на багажникот, кога е најинфериорен, изнесува 389 литри, додека со склопување на третиот ред седишта изнесува 1.232 литри. Доколку има место само за возачот и совозачот, тогаш карго содржината може да смести импресивен волумен од 2.291 литри.
Кога го конфигурирате Defender 130, можете да се откаже од третиот ред. Во тој случај имате багажен простор со зафатнина од 1.329 литри, наспроти 857 литри што ги обезбедува Defender 110.
Defender 130 не само што е најголемиот, туку и најбогато опремен во семејството на моделот. За прв пат, со доплата е достапен клима уред со можност за прилагодување на микроклиматската средина во четири зони, додека во каталогот е и најнапредниот мултимедијален систем Pivi Pro. Се следи преку екран од 11,4 инчи, и е стандарден, додека останатите верзии се на листата на опции.
Новитетот добил и нов ентериер во кој пленат материјали налик на дрво, а тука е и перфорираната кожа на тапацирот на седиштата. Палетата на достапни бои на каросеријата е збогатена, па во понуда ќе има и црвена боја.
Новитетот со индекс 130 нема право на агрегати со четири цилиндри, што не е чудно ако се земе предвид дека се работи за поголем автомобил. Но, не можете да го добиете ниту со V8 мотор. Изборот затоа е намален на обични шестки со волумен од три литри. Тие припаѓаат на семејството на мотори Ingenium и се лесни хибриди (48V).
Палетата вклучува дизел модификации D250 и D300, како и бензински P300 и P400. Нумеричките одредници кријат информации за моќноста на погонската единица, а да додадеме дека најпосакуваната бензинска верзија до „стотка“ крева за само 6,6 секунди, што е одлично за овој џиновски уред на тркала.
Сите варијации доаѓаат со осумстепен автоматски менувач со конвертор на вртежен момент. Тоа е онаа истата во која веруваат и во BMW, односно ZF. Погонот е на двете оски, а системот се нарекува iAWD. Има спојка на предната оска и демултипликатор.
Освен уназадената геометрија на каросеријата назад и сите придружни импликации, новиот Defender 130 ги обезбедува истите теренски способности како и помалиот 110. На пример, 130 исто така прегазил поток длабок до 900 милиметри, без неикакви проблеми како последица.
Англичаните веќе можат да го нарачаат најдолгиот Defender, но ќе треба брцнат во џебот подлабоко и да извадат сума која е повеќе од 73,9 илјади фунти, додека Defender 100 со цена започнува од 58,7 илјади фунти.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1p0QXGmEqlp81ljjQGIxiAXIwByfctnB5″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Влегувањето на пазарот во други земји ќе започне во втората половина од годината.