Само неколку дена по премиерата на луксузниот електричен седан EQS, Mercedes претстави уште еден електричен модел

Овој пат станува збор за електричен SUV модел EQB со кој посетителите на овогодинешниот саем за автомобили во Шангај ќе можат први да се запознаат и одблизу.

Овој модел би можел да се опише како електрична алтернатива на моделот GLB, од кој меѓу другото се разликува по модифицираниот преден дел. Меѓуосовинското растојание е исто како и кај GLB, што значи 2.829 mm. Должината на возилото е 4.684 mm, ширината 1.834 mm, а висината 1.667 mm.

EQB ќе понуди места за пет или седум патници, додека волуменот на багажниот простор е од 465 до 1.620 литри или 495 до 1.710 литри, соодветно. Треба да се напомене дека третиот ред на седишта може да собере патници високи до 165 cm, a вториот ред седишта по избор може да се помести 140 mm по должина.

Моделот располага со предна целосна LED оптика, алуминиумски тркала до 20 инчи (некои во розово-златна или сина боја), како и LED задни светла што се протегаат по целата должина на задниот дел.

Салонот добил нови материјали и бои во споредба со GLB, а тука се и деталите од розово злато и мултимедијалниот систем MBUX.

Автомобилот е базиран на платформата MFA, а ќе нуди вкупно седум конфигурации, со погон на предните или на сите четири тркала, како и повеќе пакувања на батерии почнувајќи од 66,5 kWh.

Топ верзијата која ќе биде достапна во Европа е EQB 350 4Matic со два електромотори и вкупно 215 kW / 292 КС и автономија со едно полнење од 418 километри. Ќе има и верзија со погон на предните тркала EQB 250 (еден електромотор со 190 КС), како и EQB 300 4Matic со два електромотори и вкупно околу 245 КС.

Стандардно се добива полнач од 11 kW, како и можност за полнење на DC станици за брзо полнење до 100 kW.

По премиерата во Кина, EQB во Европа ќе дојде кон крајот на оваа година, а продажбата ќе започне во 2022 година. Производството на европските варијанти ќе се одвива во Кешкемет во Унгарија, за Кина во Пекинг, а цените ќе бидат објавени подоцна.

[useyourdrive dir=”1EW0npGpvCiNSM7dn2Ma5aUQPUsauc7nV” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Mercedes EQB е дел од електричната офанзива на компанијата од Штутгарт која вклучува лансирање на шест нови електрични модели до 2022 година.