Во моделната гама на францускиот Citroen сега се наоѓа и патничка верзија на електричниот модел e-Berlingo

Погонот го обезбедува електромотор со 100 kW / 136 КС и 260 Nm вртежен момент, а со едно полнење на батерискиот пакет од 50 kWh возилото има автономија од 280 km. Кога станува збор за полнењето, истото трае 7,5 часа ако возилото се приклучи на 7 kW ѕиден полнач со стандардниот 7,4 kW еднофазен приклучок (11 kW трофазниот приклучок се нуди како опција). Времето се намалува на 5 часа доколку се користи 22 kW полнач, а при полнење на 100 kW полнач од 0 до 80 проценти батеријата се полни за 30 минути..

Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 11,2 секунди, а максималната брзина е ограничена на 135 km/h. Tреба да се спомене дека возачот има три достапни режими на возење (Eco 60 kW, Normal 80 kW и Power 100 kW).

Новиот Citroën e-Berlingo ќе биде достапен во Medium издание со должина од 4.400 mm и XL издание со должина од 4.750 mm. Варијантата XL ќе се нуди со пет или седум седишта. Капацитетот на багажникот изнесува 775 литри во Medium варијантата, односно 1.050 литри во XL варијантата со пет седишта (подолгата варијанта има капацитет од 2.126 литри, а кога задната клупа е преклопена и може да прими предмети со должина до 3,05 метри).

Опремата вклучува, меѓу другото, и дигитална инструмент табла, 8,0-инчен екран од инфо-забавниот систем, задна камера, систем за автоматско сопирање, систем за предупредување за напуштање на сообраќајната лента, следење на слепата точка, препознавање на сообраќајни знаци …