Dacia ја нагласува својата амбиција за сегментот „C“ со нов семеен модел, достапен во верзии со 5 и 7 седишта 

Dacia Jogger е четвртиот столб на стратегијата за производи на Dacia. По лансирањето на малиот целосно електричен градски автомобил Spring, компактниот Sandero и кросоверот Duster, Dacia сега го преработи својот семеен автомобил во нов со 7 места за патници. Лансирањето на новиот модел го следи планот на Dacia да ја ажурира гамата, со уште два модели кои ќе бидат лансирани до 2025 година.

Како функционален семеен автомобил, Dacia Jogger го користи најдоброто од секоја категорија: должината на караван, просторот на ван и изгледот на теренец. Автомобилот создава своја класа. Како вистински член на семејството Dacia, Jogger нуди најдобра вредност за парите и функционалност на универзален автомобил.

Со име што предизвикува чувство за спортски дух, величествена природа и позитивна енергија, Dacia Jogger го изразува новиот идентитет на брендот. Кратко, модерно и меѓународно, името изразува моќ и функционалност. Dacia Jogger е идеален дневен придружник за семејствата кои бараат бегство од рутината во величественоста на природата.

Опремен со тркала со голем дијаметар (660 mm), моделот Dacia Jogger зрачи со цврстина. Дарежливото меѓуоскино растојание од 2,9 m, просторот за глава од 912 mm и вертикалната „задница“ (вертикални задни светла, екстремно широка задна врата и низок праг) овозможуваат попространа внатрешност и поголем волумен на багажникот. Зголемената должина на задните врати и широкиот отвор на ниво на прозорците (40 мм) го прават задниот ред на седишта подостапен и простран. Со должина од 4,55 метри, Dacia Jogger е најдолгиот автомобил во гамата на Dacia. Ова се големини кои ги бараат семејствата за секојдневна функционалност.

Од лансирањето, Dacia Jogger ќе биде достапен со два мотори: целосно новиот бензински мотор TCe 110 и ECO-G 100 на гас. Dacia е единствениот производител што нуди цела палета на автомобили со бензински и ECO-G мотори со два вида гориво на пазарот за приватни клиенти. Во 2023 година во палетата ќе биде додаден и хибридна верзија. 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1Y7jClb89TBMc3qF4LL7je_IZhhXTSvBN” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Се очекува нарачките да започнат во ноември оваа година во околу 30 земји, главно во Европа, но исто така и во Турција и Израел. Dacia Jogger ќе пристигне во дилерската мрежа во февруари 2022 година.