Volkswagen наскоро ќе го прошири своето портфолио на електрични модели и ќе влезе во субкомпактна ниша во овој сегмент

Концептот ID. Life кој штотуку е претставен на тековниот салон за автомобили во Минхен служи како вовед во приказната за електричната иднина на малите, градски автомобили. Сепак, за  сериската варијанта ќе треба да почекаме уште малку – властите во Volkswagen наведуваат дека таа нема да пристигне до 2025 година.

Прикажаниот концептен кросовер е базиран на скратена верзија на платформата MEB, а идната архитектура на VW групата за помали електрични возила ќе го носи официјалното име MEB Lite. Овој електричен мал автомобил има погон на предните тркала, а еден електричен мотор е задолжен за неговото стартување. Обезбедува респектабилни 231 КС и 290 Nm.

Volkswagen наведува дека предметниот кросовер е во состојба до 100 km/h да стигне за само 6,9 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 180 km/h. ID. Life има батерија со капацитет од 62 kWh, од кои 57 kWh се достапни за употреба. Според протоколот WLTP, опсегот на ова возило со едно полнење на батеријата е 400 километри.

Германците истакнуваат дека автомобилот може да користи брзи полначи и дека за само 10 минути ќе надополни доволно електрична енергија за околу 160 километри возење. Volkswagen на овој кросовер му дал робустен облик со влезен агол од 26 степени и излезен агол од 37 степени. Растојанието од подот е импресивно со 19 см, како и меѓуоскиното растојание од 2.650 mm, што е повеќе од актуелниот бестселер на таа марка – осмата генерација на Golf.

Сепак, кросоверот има далеку помали надворешни димензии од Golf – долг е 4.091 mm, широк 1.845 mm и висок 1.599 mm (се разбира, многу повеќе од хечбек). Volkswagen тврди дека целта за сериското издание останува иста – првичната верзија нема да биде поскапа од 20.000 евра (без субвенции), додека целосно опремениот модел ќе чини 25.000 европски банкноти.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1roZy9HGDX8pZQFHjHaZGxdmhh49PIYlg” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

https://youtu.be/KSSqGgAyuqU