Премиера: Renault Megane E-Tech Electric / ФОТО+ВИДЕО
Францускиот Renault конечно и официјално го претстави серискиот електричен Megane со полно име Megane E-Tech Electric
Како потсетување, Renault го претстави најавниот концептен автомобил наречен Megane eVision на eWays настан во средината на октомври минатата година.
Како и да е, ова е Megane E-Tech Electric (во форма на подигнат хечбек), чиј ентериер се карактеризира со најнапредна технологија и најсовремени екрани (мултимедијален екран од 12,0 инчи и дигитален информативен дисплеј од 12,3 инчи), како и освежени линии, простор и материјали во согласност со новата ера на автомобилската индустрија. Покрај тоа, ентериерот нуди повеќе простор благодарение на поголемиот број прегради за дополнителна удобност и практичност.
Тука треба да се спомене и Active Driver Assist или системот за автономно возење од Ниво 2.
Megane E-Tech Electric се базира на модуларната платформа CMF-EV развиена за електрични возила од француско-јапонската алијанса, и станува збор за компактно возило со кое Французите ќе се натпреваруваат со електричниот модел Volkswagen ID.3. Електричниот Megane тоа го наговестува и со неговите димензии – должина од 4.210 mm, ширина 1.780 mm, висина 1500 mm и меѓуоскино растојание од 2.700 mm. Што се однесува до багажникот, неговиот волумен во основната конфигурација е 440 литри.
Понудата ќе вклучува две верзии, при што послабата ќе располага со 96 kW / 130 КС и 250 Nm, а помоќната 160 kW / 218 КС и 300 Nm. Изборот на батериите е 40 kWh (опсег од 300 km) и 60 kWh (со опсег со едно полнење од 470 km).
Помоќната варијанта тежи 1.624 кг, забрзува од 0 до 100 km/h за 7,4 секунди и може да достигне максимални 160 km/h.
Гамата ќе вклучува шест бои на каросеријата (со неколку контрастни опции), алуминиумски фелни од 18 до 20 инчи, како и автоматски рачки на вратите.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1Moa598tuo68GtRM6Ozw4Oa8iRSoUSVPj” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Производството ќе се одвива во фабриката на Renault во Дуаи во Франција, заедно со електричниот Renault 5 кој беше претставен претходно.