Премиера на новата Opel Corsa во Франкфурт / ФОТО+ВИДЕО
На тековниот Салон за автомобили во Франкфурт, Opel премиерно ја претстави новата, шеста генерација на Corsa. За прв пат овој автомобил ќе се продава и во електрична верзија
Кога станува збор за дизајнот, новата генерација на Corsa има малку поразлични пропорции споредено со претходникот – автомобилот е, пред сè, понизок, но затоа има подинамичен, поспортски изглед. Должината е приближно иста како и кај претходната генерација, но автомобилот е помал за 48 mm, додека положбата на седиштата е спуштена за 28 mm, во споредба со Corsa од претходната генерација.
Автомобилот сега има многу посовремен кокпит со дигитална инструмент табла и мултимедијален 7-инчен екран (во основната верзија), а опционално е достапен и голем 10-инчен екран.
Треба да се има предвид дека на фотографиите е покажана внатрешноста на верзијата со богат пакет на опрема, што значи дека најевтините варијанти на Corsa веројатно ќе имаат класични аналогни инструменти.
Новата генерација na Corsa доаѓа со економични бензински и дизел мотори со моќност од 55 kW (75 КС) до 96 kW (130 КС).
Како и да е, една од најзначајните иновации е тоа дека шестата генерација на бестселерот на Opel ќе биде достапна и како целосно електрична верзија со батерии од 50 kWh, 100 kW (136 КС) и автономија од 330 километри.