Преку интернет презентација премиум производителот од Штутгарт на јавноста и  ја претстави сосема новата генерација на модели од Д-сегментот

Mercedes не се откажува од широкиот спектар на модели во гамата на С-класата, па така истата и понатаму ќе биде достапна во седан, караван, кабриолет и купе издание. Се разбира, следуваат и AMG верзии.

Дизајн

Сосема очекувано, новата итерација на C-класата доаѓа во облик на S-класа во помал пакување. Всушност, визуелно разликите се многу мали.

Напред се разликува по малку поинаквиот браник, додека странично гледано само оние големи фанови и познавачи на брендот може да приметат разлики помеѓу C и S-класата. На задниот крај на возилото се гледа триаголна светлосна група моделирана според CLS и CLA. Се на се, може да се заклучи дека новата С-класа е еволутивен чекор напред во однос на дизајнот во споредба со претходниот модел.

Новиот седан е подолг за 65 mm, со што се зголемило и меѓуоскиното растојание, кое сега изнесува 2.870 mm. Во Мерцедес посебно внимание посветил на коефициентот на аеродинамичност кој сега е 0,24.

Како надворешно, така и ентериерно, моделот е копија од она што веќе е видено во перјаницата на Mercedes. Од Ѕ-класата доаѓа поставката на екраните, едниот е инструмент табла, а другиот кој е вертикално ориентиран и доминира на централната конзола, за контрола на инфо-забавниот систем. Воланот е ист како кај моделот од F-сегмент.

Дисплејот на централната конзола има дијагонала од 9,5 инчи (достапен е и поголем од 11,9 инчи), додека дигиталната инструмент табла од 10,25 инчи е резервирана за пониските нивоа на опрема, додека кај оние повисоките дијагоналата е 12,3 инчи. 

Новата C-класа во седан издание има волумен на багажникот од 455 литри, додека караван верзијата може да смета на 490 литри. Со карванот, до товарен простор со волумен од 1.510 литри се стигнува со преклопени задни седишта.

Моторизација

Овде се најголемите промени споредено со претходната генерација. Нема повеќе мотори со повеќе од четири цилиндри, а електрификацијата е присутна кај сите погонски единици. Така, сите SUS мотори имаат помош од благ хибриден систем, а ќе се нудат и неколку plug-in хибриди (и со стандардниот модел и во AMG издание). Сите единици во новата С-класа користат 9-степен автоматски менувач.

Честа на бензинците ја бранат C180, C200 и C300. C180 користи 1.5-литарски бензински турбо мотор кој испорачува 170 КС и 250 Nm, а моќноста се пренесува на задните тркала. C200 е истата единица но обезбедува 204 КС и 300 Nm, а моќноста може да се испрати на задните или сите тркала, во зависност од верзијата. Врв кај бензинските модели е C300 кој користи 2-литарски турбо мотор со 258 КС и 400 Nm. И тука се нуди стандардна варијанта со RWD погон, како и верзија AWD.

Дизелите засега остануваат во гамата. Европските клиенти ќе можат да изберат помеќу C200d, C220d и C300d. C200d е вовед во целата дизел гама и испорачува 161 КС и 380 Nm. Сите дизел модели користат ист мотор – 2-литарски турбо со четири цилиндри. C220d испорачува 200 КС и 440 Nm, додека со C300d може да се смета на 265 КС и дури 550 Nm.

Преставници на хибридната понуда се C300 e и C300 de. Двата plug-in хибриди користат батерија од 25,4 kWh, што е далеку повеќе од сегашниот модел (13,5 kWh). Mercedes наведува дека и двата модели ќе можат да поминат дури 100 км користејќи само електрична енергија! Бензинскиот plug-in хибрид, С300 е  испорачува 306 КС и 550 Nm. За дизел комбинацијата нема податоци.

Активна безбедност и асистенција

Новата С-класа презела голем број напредни системи за активна безбедност од поголемата Ѕ-класа. Сите тие се спакувани во т.н. Driving Assistance Package. Производителот од Штутгарт наведува дека го подобрил системот за препознавање сообраќајни знаци, потоа адаптибилниот темпомат, како и други важни елементи на споменатиот пакет.

Новата генерација на Mercedes C-класа ќе користи и нова итерација на системот MBUX, за кој Германците тврдат дека сега има подобар и побрз одговор, и е многу полесен за работа и употреба со подобрени говорни команди.

С-класата секогаш бил и ќе биде многу важен автомобил за овој производител, а тоа го покажуваат и бројките. Сегашната генерација досега стигнала до повеќе од 2,5 милиони клиенти од 2014 година! Кина се споменува како најголем пазар за седанското издание на овој модел, додека карванот е многу популарен на домашниот, германски пазар.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1AlY6utrUuP3OlrVZM1FqFAb8waUFylQU” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Новата генерација на C-Class ќе се произведува во неколку фабрики на глобално ниво – Германија (Дрезден), Кина (Пекинг) и Јужноафриканската Република (Источен Лондон). Продажбата ќе започне на крајот на март, а се очекува нешто повисока цена во споредба со моделот во заминување.