Премиера: Mercedes EQE, Mercedes-AMG EQS 53 и Mercedes EQB / ФОТО+ВИДЕО
Mercedes веќе претходно најави дека до 2025 година, клиентите ќе имаат електрична алтернатива за секој модел што го произведува овој бренд. Тој процес веќе е започнат, со EQS и S класата, како и моделите EQV / V, EQC / GLC, EQB / GLB и EQA / GLA
Mercedes EQE
Токму долгонајавуваниот електричен Mercedes EQE прв ја имаше својата премиера, а во живо ќе може да се види на саемот за автомобили во Минхен оваа недела.
Според соопштението на Германците, на претстојниот саем за автомобили IAA во Минхен од 7 до 12 септември, Mercedes-Benz ја претставува целата широчина на својата сегашна и идна понуда за електрична мобилност – од компактни модели, луксузни седани до повеќенаменски возила (MPV). Токму Минхен, германскиот премиум производител на автомобили ќе го искористи изложбениот салон за да ја истакне својата посветеност кон идејата „Lead in electric“ во сите свои под-брендови.
Со моделот EQE, Mercedes-EQ ќе покаже колку е спортски и удобен еден електричен деловен седан. Автомобилот комбинира динамични перформанси и удобно патување – и поставува нови стандарди во својата класа. Истото важи и за дарежливиот простор внатре, додека дизајнот на каросеријата со еден лак му дава на моделот EQE атлетска градба.
Во однос на димензиите, EQE е долг 4.946 mm, широк 1.961 mm и висок 1.512 mm, додека тркалата се од 19 до 21 инчи. Исто така, EQE има долго меѓуоскино растојание (платформата е Electric Vehicle Architecture – EVA), што овозможува пространа внатрешност инспирирана од поголемиот EQS.
Mercedes наведува дека првично ќе биде достапен EQE 350 со 215 kW / 292 КС и 530 Nm (со едно полнење на 90 kWh литиум-јонските батерии ќе може да се помине и до 660 километри), а другите верзии ќе пристигнат подоцна.
Се издвојува и MBUX Hyperscreen (три екрани со вкупна ширина од 141 см), а исто така треба да се спомене и изборната воздушна суспензија AIRMATIC.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1YY7YDT86puKCFdbFcZiz4Mif2bq3mHSU” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Производството на Mercedes EQE ќе се одвива во фабриката во Бремен (Германија) и во фабриката BBAC во Пекинг за локалниот пазар.
Mercedes-AMG EQS 53 4MATIC +
Следната електрична новина е Mercedes-AMG EQS 53 4MATIC +, чии електрични мотори имаат комбинирано на располагање 484 kW / 658 КС и 950 Nm (со пакетот Dynamic Plus 560 kW / 762 КС и 1020 Nm).
Забрзувањето од 0 до 100 km/h е 3,4 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 220 km/h (со пакетот Dynamic Plus е 250 km/h).
Има и батерии од 107,8 kWh (автономијата е помеѓу 526 км и 580 км по WLTP), погон и контрола на сите тркала, AMG RIDE CONTROL + адаптивна воздушна суспензија, како и сопирачки со дискови од 415 mm напред и 378mm заден (по избор) со керамички сопирачки AMG и дискови од 440 мм).
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1nK78XjB5XNF-LFkJ6_ZLG2gXwTfyY_iR” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
https://youtu.be/UB2nfX8x2O4
Mercedes EQB
Истовремено со Mercedes EQE, компанијата во исто време одржа и европска промоција на електричниот теренец модел EQB, чија премиера беше во април годинава на салонот во Шангај.
Овој автомобил може да се опише како електрична алтернатива на моделот GLB, од кој се разликува, меѓу другото, со изменетиот преден дел. Покрај тоа, EQB го има истото меѓуоскино растојание како и GLB, што значи 2.829 mm. Должината на возилото е 4.684 mm, ширина 1.834 mm и висина 1.667 mm.
EQB ќе нуди места за пет или седум патници, додека обемот на багажниот простор е од 465 до 1620 литри и 495 до 1710 литри, соодветно. Треба да се напомене дека третиот ред седишта може да прими патници во висина до 165 см, како и дека вториот ред седишта по желба може да се помести 140 mm во должина.
Возилото, исто така, се карактеризира со целосни LED фарови, алуминиумски тркала до 20 инчи (некои во розово златна или сина боја), како и LED задни светла што ја продолжуваат целата должина на задниот дел.
Внатрешноста добилa нови материјали и бои во споредба со GLB, а има и детали од розево злато и инфозабавен систем MBUX.
Автомобилот е базиран на MFA платформата, и ќе понуди вкупно седум конфигурации, со погон на предните или на сите тркала, како и повеќе батерии со почеток од 66,5 kWh.
Меѓу другото, EQB 350 4Matic со два електрични мотори и вкупно 215 kW / 292 КС (автономија 419 км) ќе биде достапен во Европа. Ќе има и верзија со погон на предните тркала EQB 250 (еден електромотор со 190 КС), како и EQB 300 4Matic со два електромотори и вкупно околу 245 КС.
Стандарден е полнач од 11 kW, како и можност за полнење на DC станици за брзо полнење до 100 kW.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1iNme-KW_PBCqq0iY7nmQN_emmUQSLqAQ” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
По премиерата во Европа, продажбата е прво планирана за САД за 2022 година. Производството ќе се одвива во Кечкемет, Унгарија и Пекинг, Кина.