Новиот EV модел на јужнокорејската марка става донесува уникатен изглед, како и многу простор во салонот

Ioniq 5 својот духовен претходник го има во моделот 45 Concept, кој првпат беше претставен пред јавноста на салонот за автомобили во Франкфурт во 2019 година. Од овој концепт не е радикално отстапено од кога станува збор за изгледот на автомобилот, со оглед на тоа дека е задржан футуристичкиот стил со ретро „зачини“.

Ова е првиот модел во семејството на модели Ioniq на Hyundai, кои сите ќе бидат со електричен погон. Во исто време, Ioniq 5 е првиот на платформата E-GMP развиена од овој производител. Станува збор за модуларна архитектура за електрични автомобили која треба да одигра голема улога во планираната EV офанзива на Корејците.

Дизајнот е прилично минималистички и доминираат „чисти“ и рамни површини. Невообичаени се и светлосните групи како напред, така и назад. Од практични причини, Hyundai инсталирал конектори за полнење на батеријата од двете страни на возилото. Рачките се „скриени“, односно излегуваат од своето куќиште кога автомобилот ќе се отклучи.

Наместо класични ретровизори, ќе има камери, но ова решение не е легално во сите земји во светот, така што корејскиот бренд на презентацијата претстави и варијанта со традиционални странични ретровизори. Тркалата се 20 инчи и се специјално прилагодени за подобра аеродинамика на целото возило.

Должината на моделот е 4.635 mm, со огромно меѓуоскино растојание од дури 3.000 mm! Ширината е 1.890 mm, а висината 1.605 mm. Hyundai наведува дека големото меѓуоскино растојание нуди исклучително пространа кабина, на ниво на возила од повисока класа.

Кога станува збор за ентериерот, рамниот под обезбедува неколку предности, пред сè многу простор на задната клупа, но има уште едно интересно решение. Имено, централната конзола не е фиксирана, туку може да се поместува напред и назад, со од од вкупно 140 mm. 

Што се однесува до багажниот простор, волуменот е 531 литри, а може да се зголеми до 1.600 литри кога ќе се преклопат задните седишта. Како што е случај со многу EV модели, има и мал простор за багаж под хаубата кој варира во зависност од верзијата. Во изданието RWD, волуменот е 57 литри, додека во варијантата со погон на сите тркала е само 24 литри.

Пред возачот се наоѓаат два големи 12-инчни екрани. Еден од нив ја толкува улогата на инструмент табла, додека другиот служи за контрола на инфо-забавниот систем. 

На покривот на возилото може да се сместат соларни панели кои помагаат во полнењето на батериите на автомобилот. Кога сме веќе кај батериите, ќе бидат достапни две верзии: од 58 kWh и 72,6 kWh. Помалата варијанта на батерија користи единствен електричен мотор кој управува со задните тркала и испорачува 168 КС и 350 Nm. Овој Ioniq 5 е во состојба до „стотка“ да забрза за 8,5 секунди, додека максималната брзина е 185 km/h и е иста за сите верзии. Ioniq 5 со батерија од 58 kWh е достапен и во AWD издание со два електромотори. Со неа доаѓаат и многу подобри перформанси. Возачот има на располагање 302 КС и 605 Nm, а забрзувањето до 100 km/h е 6,1 секунди.

Опциите RWD и AWD доаѓаат и со поголема батерија. Во тој случај, моделот со погон на задните тркала може да смета на 215 КС и 350 Nm, а од место до 100 km/h пристигнува за 7,4 секунди. Најмоќната варијанта има погон на сите тркала, а испорачува 225 kW и 605 Nm, што овозможува спринт до „стотка“ за само 5,2 секунди.

Податоците за автономијата на возење со едно полнење не се целосно откриени. Она што е потврдено е дека верзијата RWD со поголема батерија од 72,6 kWh има опсег според протоколот WLTP од 470-480 километри. 

Ioniq 5 може да се „закачи“ на брзи полначи до 350 kW, а благодарение на системот за полнење на батеријата 800V, 10% до 80% од капацитетот може да се наполнат за само 18 минути! Доволно е само пет минути полнење за да се обезбеди опсег од 100 километри.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1IHt3mX10KsMNCvagLxbCJvajN-qvKQVh” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Од Hyundai е потврдено дека првите примероци од новиот EV модел до клиентите ќе стигнат подоцна оваа година.