Hyundai објави фотографии и технички детали за новата генерација на својот мал градски автомобил

Најмалиот модел на корејскиот производител во својата трета генерација пораснал за 20 mm во ширина во однос на претходникот, а во исто време возилото е и пониско, исто така за 20 mm.

Промените во пропорциите се придружени со нов дизајн и i10 изгледа попривлечно, особено во верзијата со покрив кој е во различна боја од останатиот дел од каросеријата. За тоа придонесуваат и опционалните алуминиумски фелни од 16-инчи со кои е опремена верзијата од промотивните фотографии.

Предниот дел на автомобилот се карактеризира со нова, широка решетка на ладилникот во која се интегрирани LED дневните светла со кружен облик.

Hyundai наведува дека клиентите ќе имаат избор од дури 10 надворешни бои, кои по желба може да се комбинираат со црн или црвен покрив.

Внатрешноста исто така изгледа привлечно, барем кога станува збор за повисоките пакети на опрема кои вклучуваат голем 8-инчен екран на допир, кој се наоѓа на врвот на централната конзола. Екранот го поддржува мултимедијалниот систем на возилото, вклучително и навигацијата и овозможува лесна интеграција на паметните телефони благодарение на функциите Apple CarPlay и Android Auto.

Салонот може да биде конфигуриран за да прими 4 или 5 лица.

Новиот i10 е опремен и со голем број системи за помош на возачот, вклучувајќи систем за спречување на преден судир, помош при одржување на автомобилот во коловозната лента и предупредување за замор и деконцентрација на возачот.

Првично, Hyundai на клиентите ќе им понуди два бензински мотори. Основниот 3-цилиндерски 1.0-литарски мотор произведува 67 КС и 96 Nm, додека малку помоќниот 1.2-литарски со 4-цилиндри, испорачува 83 КС и 118 Nm.

И двата агрегата доаѓаат стандардно со 5-степен мануелен менувач, додека 5-брзинскиот автоматик е опционален.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1pNfnt7rs7GYz6vZbmOZACY_WIwbXKl79″ maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]