Премиера: Audi Grandsphere Concept / ФОТО+ВИДЕО
Audi претстави уште еден концептен модел како вовед во понатамошната електрична иднина на марката
Со зборот „sphere“ како дел од името веќе се сретнавме кај концептниот електричен двосед Skysphere. Grandshpere е продолжение на оваа тема и претставува GT на батерии. Audi посочува дека дизајнерскиот тим овој проект го започнал со цел создавање „авион за јавни патишта“. Се разбира, се мисли на мал престижен млазњак, а ова Audi треба да биде негов пандан на четири тркала.
Презентираниот концепт е исклучително долг – верувале или не, должината на возилото е дури 5,4 метри! Значи подолго од кое било друго возило на Audi. Исто така импресивно е меѓуоскиното растојание кое изнесува огромни 3,2 метри.
Погледот на предната страна моментално укажува на тоа дека станува збор за автомобил со четири прстени. Singleframe решетката и овде ја нашла својата примена иако нема практична, туку само визуелна вредност.
Страничниот профил ја демонстрира многу уникатната силуета на овој футуристички Audi автомобил со четири тркала. Предниот препуст е исклучително мал, додека задниот е огромен. Задниот дел е направен во стилот на фастбек, што прави јасно отстапување од класичните седани.
Еден увид во салонот е доволен за да се создаде слика за иднината што Audi ја посакува за своите модели. Целосно необичниот ентериер нема ништо заедничко со сегашното портфолио на германската марка.
Особено интересно – ниту трага од огромни дисплеи! Audi планира сите важни податоци да се рефлектираат на дрвени површини, со што се дава нов пристап кон трендот на „скрининг“ во кабините на модерните возила.
Германскиот производител посочува дека Grandsphere е подготвен за употреба на автономно возење од четврто ниво (целосно независна контрола на автомобилот). Во таков режим на возење, возачот всушност станува патник.
Се разбира, ова е целосно електричен автомобил. Официјалните податоци покажуваат дека овој концепт користи батерија од 120 kWh и е поставен на платформата PPE. Оваа архитектура ќе ја користи и идниот електричен Porsche Macan, како и EV изданието на Audi A6.
Grandsphere има два електрични мотори, по еден за секоја оска, кои испорачуваат вкупно 530 kW и 960 Nm. Ова му овозможува на автомобилот лесно да достигне „стотка“ за нешто повеќе од 4 секунди.
Audi наведува дека овој EV е во состојба да помине 750 километри со полна батерија, но не е објавено според кој циклус е направена таа пресметка. Иако, најверојатно, тоа е WLTP. Германците се особено горди на брзината на полнење на батеријата – од 5 до 80% на суперполнач за 25 минути.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1n6V71L3rai9HnlaKZqnUkapIF3uxImLH” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Grandsphere засега останува концепт, а Audi нагласува дека нема планови овој модел да започне со сериско производство. Сепак, тоа е само вовед во електричната иднина на овој германски производител.