Премиера: 2019 Audi R8 / ФОТО
Audi го престави рестилизираниот R8 кој, покрај стилските промени, донесува уште помоќни агрегати
Германскиот производител ги освежи двете верзии на супер спортскиот модел R8 – Coupe и Spyder, а и покрај некои шпекулации, погонот на R8 и понатаму е атмосферски 5.2-литарски V10 мотор, а V6 турбо, како што претходно се шпекулираше. Покрај тоа, постоечкиот мотор е нешто помоќен од порано, а направени се и технолошки унапредувања за да R8 биде уште поубедлив на патот.
Козметичките интервенции на предниот дел од автомобилот дискретно го смениле изгледот на предната маска, браникот и светлата. Во задниот дел е проширена маската зад која се крија вентилациските отвори, така што сега се протега по целата широчина на возилото, додека задниот дифузор е понагласен од порано.
Audi ја променил и ознаката на верзијата R8 V10 Plus, која сега е наречена R8 V10 Performance Quattro.
Стандардниот модел за 2019 година, има V10 мотор со 570 КС (419 kW) и 550 Nm, што е 30 „коњи“ и 10 Nm повеќе од моделот кој заминува во пензија.
Помоќниот погон овозможува Coupe верзијата од 0-100 km/h да стигнува за 3,4 секунди, а Spyder веризјата за 3,5 секунди. Максималната брзина на моделот со цврст покрив изнесува 324 km/h, а на кабриолет верзијата 322 km/h.
Споменатиот Audi R8 V10 Performance Quattro има 5.2 V10 има 620 КС (456 kW) и 580 Nm. Во овој случај, дополнителната моќност е 10 КС, а максималниот вртежен момент е поголем за 20 Nm од порано.
Помоќниот Audi R8 од 0-100 km/h забрзува за 3.1 секунди (Coupe) и 3.2 секунди (Spyder). Максималната брзина е 331 km/h за моделот со цврст покрив и 329 km/h за кабриолетот.
Во Audi велат дека во моделот за 2019 година има унапредување на системот на суспензија, а режимите на возење суштински се разликуваат.
Во моделот R8 V10 Performance Quattro, на возачот му се достапни три нови возни режими: Dry (за сув пат), Wet (за влажен пат) и Snow (за снег на патот).
Унапреден е и програмот за електронска контрола на стабилноста, па така на Audi R8 сега му требаат 1,5 метри помалку отколку во минатото за да застане при брзина од 100 km/h, додека растојанието од 200-0 km/h е пократко за 5 метри.
2015 Audi R8 vs 2019 Audi R8
Audi R8 за 2019 година во продажните салони доажа во првиот квартал од следната година.