Водечките трговски здруженија во автомобилската индустрија, кои работат во САД, упатија предупредување до американската администрација, во однос на најавените нови тарифни стапки. со чие воведување би се избришале стотици илјади работни места

Според нив, воведувањето на новите тарифи за увоз на автомобили, кој би изнесувале 25%, ќе предизвикаат загуба на стотици илјади работни места во автомобилската индустрија и драстично повисоки цени на возилата.

Од глобалната асоцијација на производители на автомобили, која ги претставува водечките компании во индустријата, вклучувајќи ги гигантите како Toyota, Volkswagen, BMW и Hyundai, велат дека политиката на високи тарифни стапки се заканува на бизнисот на производителите и на клиентите во САД, во исто време.

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, минатиот месец започна студија за ефектите предизвикани од увозот на автомобили по националната државна безбедност.

„Најголемата закана во овој момент за американската автомобилска индустрија е можноста администрацијата да наметне поголема царина за увоз на нови возила, како резултат на истражувањето од минатиот месец“, велат од Асоцијацијата на глобални производители на автомобили.

„Таквите царини ќе доведат до пораст на цената на автомобилите за американските потрошувачи, би го лимитирале нивниот избор и би влијаеле на намалување на обемот на продажба и производство на возила во Америка“, објаснуваат претставници на Асоцијацијата. „Поголемите давачки, наместо создавање на нови работни места, ќе резултираат со загуба на стотици илјади работни места во автомобилската индустрија во САД“.

Апел со слична содржина и објаснувања доаѓаат и од Алијансата на производители на автомобили.