Renault го објави ценовникот за Megane E-Tech Electric, еден од најочекуваните модели на француската марка во последните години

 

Овој електричен модел од C сегментот во Франција ќе стартува со цена од 35.200 евра за верзијата со 130 КС и батерија од 40 kWh во основното издание. Секако, кога ќе се одбие еколошкиот бонус од 6.000 евра (во Франција), цената паѓа на 29.200 евра.

Од другата страна на гамата е најскапото издание, верзијата со 220 „коњи“ и батерија од 60 kWh со можност за брзо полнење, која чини 51.400 евра (без бонусот).

Актуелниот конвенционален Megane, достапен во дизел, бензинско и plug-in хибридно издание, ќе продолжи да се продава неколку години.

Првиот човек на компанијата, Лука де Мео, се надева дека ќе ја промени ситуацијата со стратегија наречена „Вредност наместо волумен“, концентрирајќи се попопозиционираниот сегмент C наместо на мали автомобили, а Megane E-Tech Electric е најдобриот пример за ова.

Renault моментално кога станува збор за компактни модели, во понудата ги има Megane во хечбек и караван верзија, како и SUV моделот Kadjar, кои на пазарот котираат пониско во споредба со директните конкуренти.

Новодојденецот ќе се произведува во фабриката на Renault на северот од Франција, каде што овој производител поставува ElectrCity комплекс на производствени погони за монтажа и производство на компоненти.

 

Megane E-Tech Electric ќе биде достапен во нивоа на опрема Equilibre, Techno и Iconic. Главниот фактор на диференцијација ќе биде батерискиот пакет, достапен во варијанти со 40 kWh (досег од 300 километри) и 60 kWh (450-470 километри). Клиентите можат да избираат помеѓу електромотори од 130 и 220 КС.

Од Renault велат дека времето на полнење е 30 минути за возење од 300 километри, на брз полнач од 130 kW. Клиентите можат да наведат каков тип на домашен полнач сакаат: Standard (AC до 7 kW), Boost (AC до 7 kW, DC до 85 kW), Super (AC до 7 kW, DC до 130 kW) или Optimum (AC до 22 kW, DC до 130 kW).

Megane E-Tech Electric ќе се натпреварува со се поголем број компактни електрични автомобили, вклучувајќи го VW ID.3 (од 39.900 евра во Франција), Citroen C4 (од 35.600 евра во Франција) и Nissan Leaf (34.400 евра во Франција). Peugeot 308 и Opel The Astra ќе добијат електрични верзии во 2023 година.

Во повисокиот ценовен опсег, пуленот на Renault веќе влегува на територијата на Tesla Model 3, најпродаваниот електричен автомобил во Европа. Американскиот бренд ги намали цените на својот модел за да профитира од субвенциите во различни земји.