Познати финалистите за изборот за Светски автомобил на годината
Во големото финале нема место за американски модели
Во големото финале се автомобили од Европа, Азија и Јапонија. Корејците можат да бидат најзадоволни бидејќи дури три нивни модели се во игра – Hyundai Sonata, Kia Soul EV и Kia Telluride. Од Азија доаѓаат два јапонски модели – два Mazda модели – Mazda3 и CX-30. Некако нормално, најмногу модели помеѓу финалистите доаѓаат од Европа – Mercedes CLA и GLB), Volkswagen Golf и T-Cross, kako и и еден Range Rover (Evoke).
Kia Soul EV и VW T-Cross се во трка и за најдобар градски модел, заедно со Mini Cooper SE, Peugeot 208 и Renault Clio.
Најлуксузниот автомобил ќе се бара помеѓу BMW X5 и X7 и Mercedes EQC, Porsche 911 и Porsche Taycan.
Категоријата Спортисти или Performance Carпобедникот ќе го добие помеѓу следниве модели: BMW M8, Porsche 718 Spyder / Cayman GT4, Porsche 911, Porsche Taycan и Toyota GR Supra.
Конечно, тука е Наградата за дизајн, а на листата се Alpine 110S, Mazda3, Mazda CX-30, Peugeot 208 и Porsche Taycan.
Жирито се состои од 86 новинари, кои победникот ќе го прогласат на автосалонот во Њујорк оваа пролет.