Ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс, за неверојатни 644 милиони долари ја купил суперјахтата SINOT Aqua, првата суперијахта во светот која за гориво користи водород

Sinot Aqua

Sinot Aqua е најновата суперијахта во сопственост на американскиот милијардер и ко-основач на Microsoft, Бил Гејтс. Покрај тоа што добил вистинска бродска убавица со хипер-луксузен ентериер, Гејтс воедно е прв сопственик на брод што се напојува со течен водород.

Кратко потсетување дека единствениот нуспроизвод на водородот е вода.

Суперијахтата Aqua располага со пет луксузно дизајнирани палуби, максимална брзина од 32 km/h, а може да исплови дури 6.750 километри пред да треба повторно полнење на резервоарот.

Суперијахтата Aqua е долга 112 метри и има два вакумски изолирани резервоари за течен водород од по 28 тони, кои ја одржуваат температурата на течниот водород на стабилна температура -258,89 Целзиусови степени.

Резервоарите ги напојуваат моторите со единечна моќност од еден мегават, кои пак ги придвижуваат задните два мотори, а тука се и два странични потисници за подобро маневрирање, со по 300 kW секој. Има и батерија од 1,5 MWh која обезбедува инстантна електрична енергија за снабдување на електричната мрежа на бродот.

Меѓу другите удобности што доаѓаат со оваа суперијахта, има и мини водопад, кој се наоѓа на крајот од базенот на палубата. На предниот дел од бродот е изградена опсерваторија, која нуди спектакуларна глетка на што се случува пред бродот.

Во случај на вонредна состојба има и палуба за слетување на хеликоптер,од кое патниците можат да се транспортираат по копно со електричен дрон наречен  Alkai Skaija.

Погледнете го видеото во прилог и ќе видите зошто Гејтс решил да го купи овој суперброд.

/

Loading...