Повисок клиренс и зголемена проодност – тоа е Škoda Octavia Scout / ФОТО
Новата генерација на Octavia модели ја продолжува успешната приказна со новиот Scout кој отвори ново поглавје за најпродаваниот модел на марката уште со неговото лансирање во 2007 година
Покрај емотивниот дизајн, мултифункционалниот модел нуди дури и повеќе простор од неговиот претходник, а сега е достапен и со погон на предните тркала.
Без разлика дали станува збор за семеен одмор, голем шопинг или патување со велосипеди во багажникот: новиот Škoda Octavia Scout, достапен исклучиво во караван верзијата, е совршено возило за многу ситуации
Опремен со пакетот Rough-Road како стандард, а кој вклучува и заштита на подвозјето и 15 mm повисок клиренс, Škoda Octavia Scout е идеално возило за возење надвор од асфалтираните патишта и е многу популарен за влечење камп приколка или приколка со чамец.
Škoda Octavia Scout кој е долг 4.703 mm и широк 1.829 mm, сега е подолг 16 mm и 15 mm поширок, нуди дури и повеќе простор од неговиот претходник.
Најголемиот волумен на багажникот во сегментот сега е зголемен за 30 l или 640 l вкупно. Škoda Octavia Scout може да се нарача со иновативни предни LED Matrix светла, кои премиерно претставени во моделот Octavia и му овозможуваат на возачот долгите светла да бидат вклучени во секој момент.
Веројатно нема никого да изненадиме со констатацијата дека Škoda Octavia Scout нуди многу широк спектар на мотори. Ефикасни TDI и TSI мотори и, за прв пат, преден погон Nova, EVO-генерација на 2.0 TDI моторот со 147 kW (200 КС) и 400 Nm вртежен момент, најмоќниот досега во моделот, се е тоа премиерно во новата Octavia Scout.
Бензинскиот 1.5-литарски мотор со 150 КС и 2.0-литарскиот дизел со 115 КС се спарени за мануелен 6-брзински менувач. Верзијата 1.5 TSI e-TEC сега се потпира на мека хибридна технологија и 7-брзински автоматски DSG менувач. Ако ви треба поголема моќност, 2.0 TSI ви дава 190 КС, додека 2.0 TDI EVO гарантира 200 дизел „коњски сили“ и 400 Nm вртежен момент. Последните две единици се со AWD и DSG, а дизелот може да влече приколка со тежина до 2000 кг.
Што се однесува до надворешниот изглед, тука е робусниот изглед со типични детали за Scout, препознатливи предни и задни браници, секој со заштитна подлога, како и дополнителни црни пластични лајсни на лаковите на тркалата, странични прагови и рабови на вратите кои го штитат телото.
Сето ова е заокружено со 18-инчни алуминиумски Braga фелни или опционални 19-инчни Manaslu. Предните и задните дифузери, кровните шини и прозорските рамки доаѓаат во сребрена боја, како и куќиштето на електрично прилагодливите, склопувачки и со загревање надворешни ретровизори кои вклучуваат и функција за затемнување.
Škoda Octavia Scout стандардно е опремена со LED светла за магла и ексклузивни Scout ознаки на предните страни.
Редизајнираната инструмент табла е модуларна и распоредена во различни нивоа, а содржи голем самостоечки централен 10-инчен екран на допир. Централната конзола е украсена со хромирани детали, кои исто така може да се најдат на новите лајсни на вратите и рачките.
Официјалната светска премиера на новата Škoda Octavia Scout проследена со детални информации е на почетокот од јули.