Повеќето Германци се за ограничување на максималната брзина на автопат
Се ближи ли крајот на приказната за неограничена брзина на германскиот Autobahn?
Во далечната 1952 година, владата на Западна Германија ги укина ограничувањата на брзината на државно ниво на делниците на автопатот и таквите одлуки ги оставила на регионалните влади.
Неодамна порталот DW.com спроведе анкета меѓу посетителите на тој сајт. Дури 60% од испитаниците изразиле поддршка за воведување максимална брзина од најмалку 130 km/h, додека 38% биле против какви било промени на сегашните правила.
Во Германија има се повеќе јавни личности кои го поддржуваат максималното ограничување на брзината. Еден од нив е Себастијан Фетел, ас од Formula 1, кој смета дека се работи за „рационален избор“.
Но, не е се така црно-бело. Во истражувањето спроведено од споменатиот портал се посочува дека испитаниците претходно го избрале максималното ограничување на брзината како форма на борба против емисијата на штетни гасови, наместо дополнителни давачки за гориво, месо или млечни производи.
Се наведува и дека ограничувањето би довело до значително намалување на емисиите на јаглерод диоксид во Германија. Заштедата наводно би била околу 2 милиони тони од овој гас.
Меѓутоа, бидејќи електричните автомобили стануваат сè попопуларни во германската земја, овој аргумент за ограничување на максималната брзина наскоро би можел да ја изгуби својата легитимност.