Повеќе не е тајна – BMW откри детали за M850i / ВИДЕО
Најмоќната „осмица“ во понудата ќе има 530 „коњи“
Автомобилот кој ќе биде врв во понудата на новата BMW Серија 8, M850i xDrive Coupe, ќе го користи ново развиениот V8 битурбо мотор кој произведува 530 КС (390 kW) и 750 Nm вртежен момент.
Иако овој мотор развива 68 „коњи“ и 100 Nm повеќе од сегашниот 4.4-литарски V8 од BMW 650i, германскиот производител вели дека двете единици ја имаат истата маса.
Новиот V8 ќе биде впарен со надграден автоматик со 8-степени на пренос, кој уште побрзо го менува степенот на пренос во споредба со неговиот претходник, а моќта се испраќа до сите четири тркала.
BMW не објави податоци за перформансите, но според очекувањата M850i xDrive Coupe од 0-100 km/h би требало да забрзува за помалку од 4 секунди, што е подобро од сегашниот BMW M6 Coupe (4.2 секунди).
BMW M850i xDrive, меѓу другото, ќе биде опремен со активен систем за управување, адаптивна „М“ суспензија, спортски издувен систем …
BMW 8-Series Coupe својата премиера ќе ја има на 15 јуни, а M850i xDrive треба да се појави подоцна во текот на годината.