Британскиот Jaguar го рестилизираше најмалиот седан XE чија почетна цена на Островот е 39.000

Седанот XE добил нови браници и куќишта на предните и задните LED светла, а атрактивниот пакет R-Dynamics би требало да го приближи до барањата на клиентите кои претходно се одлучувале за BMW 3, Mercedes C-класа или Audi A4.

Главните промени се во внатрешноста која е обложена со поквалитетни материјали. Тука се новата централна конзола и новиот мултифункционален волан со рачка за преносот заедно со дигитален панел со доплата и следната генерација на мултимедијалниот систем со 12,3-инчен дисплеј.

Кога станува збор за погонот, редизајнираниот XE располага со една бензинска и една дизел единица. Оние кои преферираат бензин на располагање имаат 4-цилиндерски 2.0 мотор во верзии со 250 и 300 КС.

Турбо дизелот со 4-цилиндри доаѓа во варијанта со 180 КС и 430 Nm, а може да биде и во верзија со погон на двете оски.

Jaguar тврди дека најмоќната верзија, бензинецот од 300 КС и погон на сите тркала, а впарен со 8-брзински автоматик до „стотка“ забрзува за 5,7 секунди со максимална брзина од 250 km/h.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1Aeul0S2q4_JOZm0HGzkw5bwKi4jsdEXZ” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]