Меѓу работите кои ги фрустрираат возачите е индикаторот кој покажува колку гориво ни останува, исто како и дигиталниот показател за преостанатата километража. Сепак, бројката на километри кои можеме да ги поминеме е ретко точна, бидејќи прецизна калибрација е речиси невозможна

Според Американската автомобилска асоцијација, точноста варира повеќе на кратки растојанија, бидејќи сензорите и софтверот што го контролираат индикаторот за преостанатиот опсег се многу чувствителни на неконзистентни забрзувања. Од ААА велат дека 74 проценти од возачите го користат дисплејот кој ја покажува преостанатата километража кога одлучуваат кога да наполнат гориво. Случајно или не, овие возачи преземаат непотребен ризик, потпирајќи се само на отчитувањето кое го обезбедува патниот компјутер.

Американската непрофитна организација им препорачува на возачите да долеат гориво кога индикаторот ќе покаже дека е достапна четвртина од капацитето за гориво. Се разбира, ова е најрационалниот совет, бидејќи возењето на автомобилот во „црвено“, секако не е добро, бидејќи бензинската пареа може да ја аби и оштети пумпата за гориво. Ниту на моторот не му годат испарувањата за кои станува збор, а има проблем и наталожувањето нечистотија во резервоарот.

Возењето на „резерва“ е најдобриот начин наталожените остатоци во резервоарот да се најдат во системот за вбризгување гориво и моторот. Оваа „непријатна“ супстанца доаѓа од бензинските пумпи каде нивото на бензин во резервоарите е при крај. Најлесен начин да се идентификува бензинска пумпа која ги точи позследните залихи гориво е да се анализира стапката на проток на гориво. Ако бензинот тече побавно од вообичаеното, многу е веројатно дека ќе ја добиете несаканата супстанција во резервоарот на возилото.

Во соработка со Центарот за автомобилско истражување на автомобилскиот клуб Јужна Калифорнија, ААА користел динамометар поставен на избрани возила преку симулирани сценарија за возење. Во просек, потрошувачката на тестираните возила покажала грешка од 2,3 проценти во споредба со вредностите на динамометарот. Грешките поврзани со одделни возила варирале многу, од минус 6,4 до плус 2,8 проценти.

Поточно, кај првиот тестиран автомобил, економичноста била преценета за 6,4 проценти, додека во вториот била потценета за 2,8 проценти.