Сите три верзии – хечбекот, караванот и Proceed добиле серија дизајнерски унапредувања

 

Со 28% удел во европската продажба на Kia, Ceed е без сомнение еден од најважните модели на корејската компанија. Да не заборавиме дека конкуренцијата во сегментот „С“ е огромна, а VW Golf е суверен владетел. ТОкму затоа, со цел да остане свеж и конкурентен, Kia мораше својот адут во овој сегмент да го модернизира и рестилизира.

Најочигледна промена се однесува на редизајнираната предна решетка со нагласени метални акценти и „затворен“ дизајн во plug-in хибридните верзии. Странично се поставени нови фарови, кои ја отфрлаат LED поставката во четири точки од претходниот Ceed, давајќи предност на елементите во форма на три стрели, кои служат како дневни светла.

Кога станува збор за стандардниот хечбек со пет врати, без разлика дали е во GT-Line или премиум верзијата GT, Ceed може да се пофали и со модифицирани задни светла, кои имаат 48 елементи во форма на саќе, покриени со затемнето стакло. Задните кластери имаат динамични светла кои функционираат во прогресивни секвенци кога се вклучуваат трепкачите.

Дизајнерскиот тим на Kia, исто така, ги редизајнирал браниците, особено задниот, на кој сега странично се потпира полирано црн трим , служејќи како визуелно продолжување на лажните завршетоци на издувните цевки. Измените се заокружуваат со тркала од 17 и 18 инчи со нов дизајн, заедно со четири нови бои на каросеријата: Experience зелена, Yucca челично сива, Machined бронзена и Lemon Splash жолта.

Измените се помалку очигледни во внатрешноста, каде што се наоѓа истиот 12,3-инчен инструмент кластер, на кој се приклучува 10,25-инчен екран на допир за мултимедијата. Достапни се и пет опции кога станува збор за тапацирот, од кои три дебитираат со рестилизираната верзија, покрај ново дизајнираната рачка на менувачот за варијантите GT-Line и GT.

Кога станува збор за технологијата, ревидираниот Ceed добива функции Apple CarPlay и Android Auto. Опционално се достапни греење на предните и задни седишта, двозонска клима и JBL аудио систем.

Моторната гама ги вклучува добро познатите единици, почнувајќи од 1.0-литарскиот турбо бензинец со 3-цилиндри и 120 КС кој се спарува со седумстепен автоматик со двојна спојка со функција на инерцијално движење, а профитира и во 48-волтната благо хибридна поставка, што на крајот резултира со помала потрошувачка и помали емисии. Истиот 3-цилиндерски мотор е достапен и во варијантата од 100 КС, која користи и TNG, додека 1.6-литарскиот дизел испорачува 136 КС и е исто така е достапен во благо хибридна конфигурација.

Достапна и како караван, plug-in хибридната опција комбинира 1,6 GDI со електромотор од 44,5 kW и литиум-јонтеска батерија од 8,9 kWh. Менувачот е 6-степен автоматски со двојна спојка. Караванскиот PHEV нуди комбинирана моќност од 141 КС и 165 Nm. Во чисто електричен режим, може да помине повеќе од солидни 58 километри.

Оние што бараат поголема моќност ќе треба да се одлучат за 1.5-литарскиот бензинец со 160 КС или малку поголемиот 1.6, резервиран за моделите GT, каде што испорачува 204 КС, исклучиво заедно со 7-степениот DCT менувач.

Производството на рестилизираната гама на Ceed ќе започне со производство во август, во фабриката во Жилина, Словачка, додека испораките до клиентите ќе започнат пред последниот квартал. Кросовер верзијата XCeed најверојатно ќе го добие истиот третман, но следната година.

Loading...

WCOStream: Glass no Kamen anime episode 23 online free at https://wcostream.cc black clover wcostream

Website https://gogoanime.be: Watch Kuroko's Basketball 2 gogoanime Episode 25 gogoanime bleach

4Anime: Sandglass of Summer Colors anime episode 2 online free at https://4anime.biz anime websites

Bitchute: https://www.bitchute.com/channel/gogoanimelol/

Gogoanimelol contently: https://gogoanimelol.contently.com/

Vingle: https://www.vingle.net/posts/3825125