
Porsche слави 10 години производство на хибридни модели
Во фабриката лоцирана во Лајпциг, произведени се повеќе од 75.000 хибридни автомобили од престижната марка.
Електричната мобилност не е целосно нов концепт за Porsche Лајпциг, бидејќи првиот хибриден автомобил од марката Porsche беше – Cayenne S Hybrid. Токму овој луксузен теренец првпат се појави во оваа комбинација во 2010 година.
„Со текот на годините, Porsche еволуираше од пионер во областа на технологијата до единствениот производител во премиум сегментот кој нуди три plug-in хибриди истовремено“, вели Албрехт Рејмолд, член на Извршниот одбор за производство и логистика во Porsche AG.
Porsche е целосно посветен на Е-перформансите во својата фабрика во Лајпциг. Погледнете ја само палетата. Panamera S Hybrid го прослави почетокот на производството токму таму само една година по светската премиера на Cayenne S Hybrid. Пред само неколку недели, Porsche на сегашниот plug-in-хибриден опсег ја додаде новата Panamera 4S E-Hybrid и нејзиниот целосно нов погонски агрегат со 560 КС!
До денес, во фабриката во Лајпциг се произведени повеќе од 75.000 хибридни автомобили. Алтернативниот погонски систем е особено популарен во Европа, каде 60 проценти од моделот Panamera испорачани во текот на 2019 година се со хибриден потпис. Уделот на хибридни модели е уште поголем во Франција, каде што бројката е 80%.
Овие бројки сигурно ќе бидат уште поголеми во наредниот период. Porsche инвестира околу 600 милиони евра на својата локација во Саксонија, по одлуката новата генерација на Macan да ја произведува како целосно електрична варијанта во Лајпциг.