Porsche потврди дека електричниот Cayenne ќе пристигне во 2026. Ќе се продава напоредно со варијантата со внатрешно согорување
Според плановите, гамата на електрични модели на Porsche ќе сочинува 80 отсто од нивното вкупно производство до 2030 година
Porsche ги потврди минатомесечните гласини дека компанијата ќе понуди електричен Cayenne до 2026 година, но постави и временска рамка според која гамата на електрични модели на Porsche ќе сочинува 80 отсто од нивното вкупно производство до 2030 година.
Иако проблемите со снабдувањето со чипови неодамна не одеа во прилог на тоа, електричниот Taycan на германската марка има добри резултати, но во рок од три години Taycan ќе биде само еден во семејството на електрични модели на Porsche.
Првиот што пристигнува во 2024 година е Macan EV. Неговиот развој е во тек, а прототипите се забележани и камуфлирани ширум светот неколку пати, иако лансирањето беше одложено поради софтверски проблеми.
Од Porsche исто така потврдија дека наследникот на Cayenne ќе биде електричен SUV, но конкретни детали за овој модел се уште не се објавени.
Пред тоа, сегашниот Cayenne ќе помине низ „една од најсеопфатните модификации во нашата историја“ во текот на 2023 година, велат директорите на компанијата. Списокот на промени ќе вклучува нова шасија и три plug-in хибридни погонски единици дизајнирани за поголем опсег само на електрична енергија.
Што се однесува до големиот SUV кој во гамата на Porsche ќе биде позициониран над Cayenne, станува збор за модел со кодно име K1 кој, според компанијата, го илустрира она што се нарекува „нов концепт на возило“. Ќе биде изграден на платформа наречена SSP Sport, и ќе нуди „силни перформанси, автоматизирани функции за возење и целосно ново искуство внатре“.
K1 се развива пред се за американскиот и кинескиот пазар. „Во овој сегмент гледаме растечки профитни фондови, особено во Кина и САД“, вели Блуме, првиот човек на Porsche.
Конечно, електричната серија 718 ќе биде достапна од средината на деценијата.
Сè на сè, гамата на електрични модели на Porsche ќе сочинува 80 отсто од нивното вкупно производство до 2030 година.