
Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid vs Audi R8 / ВИДЕО
И покрај фактот дека е потежок од многу други супер автомобили (2,56 тони), Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid е еден од најбрзите автомобили во светот
За споредба, Audi R8 има тежина од помалку од 1,6 тони, а неговиот V10 развива 532 коњски сили и 540 Nm вртежен момент. Барем на хартија, за забрзување од 0 до 100 km/h, потребни му се 3,5 секунди. Максималната брзина е 320 km/h.
Од друга страна, поголемото Porsche во никој случај не е инфериорен во однос на неговиот ривал. Неговиот хибрид погон се состои од twin-turbo V8 мотор кој развива 540 КС и електричен мотор кој развива 131 КС, што дава вкупна моќност од 671 „коњи“ и 850 Nm вртежен момент! Нему за забрзување до 100 km/h му се потребни 3,4 секунди, а максималната брзина е 310 km/h
Што може да се очекува од трката помѓу овие два суперавтомобили? Што мислите кој е побрз?
Погледнете го видеото и дознајте!