
Porsche не се согласува со Италијаните!
Во Porsche не се согласуваат со италијанскиот предлог за изземање на спортските супермарки од забраната за продажба на возила со мотори со внатрешно согорување
Доколку ја следите автомобилскта индустрија, тогаш сигуно знаете дека Европската комисија даде предлог да се забрани продажбата на автомобили што користат мотори со внатрешно согорување во ЕУ до 2035 година. Ова исто така би значело и крај на кариерата за класичните хибриди, но и plug-in хибридите.
Првичните реакции на овој предлог на Комисијата се различни, при што особено се спротиставија оние земји со особено силна автомобилска индустрија. Италијанската влада сака производителите на спортски автомобили да бидат изземени од забраната, на што реагира шефот на Porsche.
Оливер Блуме, првиот човек на германската марка, ја отфрли таквата можност, бидејќи според него, во трката за декарбонизација, секој мора да придонесе.
„Покрај тоа, технологијата на електрични автомобили ќе биде непобедлива во следната деценија“, вели Блуме. Тој додава дека моделите на струја стануваат се подобри и подобри, од ден на ден…
Италија сака изземање за неколку нејзини брендови, како што се Ferrari, Lamborghini, Pagani … Меѓутоа, сите погоре веќе имаат одредени планови во врска со електрификацијата. Рagani неодамна доби огромна финансиска инјекција од Саудиска Арабија, која има намера да ја искористи за електрификацијатана марката.
Lamborghini веќе потврди дека до 2024 година, комплетната гама ќе нуди хибридни изданија, додека малку подоцна ќе го понуди и својот прв електричен автомобил. Слично е и со Ferrari, кој веќе користи хибридна технологија, и најавува електрично деби, кое според некои гласини треба да пристигне во 2025 година, иако оваа информација досега не е потврдена од ниту еден од службениците на Scuderia.