Одборот на директори на Volkswagen соопшти дека „немаат сознание“ за наводно писмо и неговата „иритирачка содржина“

Зигфрид Волф, австриски бизнисмен и член на надзорниот одбор на Porsche ЅЕ, холдинг групацијата која е сопственик на Volkswagen, наводно бил во контакт со рускиот претседател Владимир Путин во обид да ја оживее „болната“ руска автомобилска индустрија.

Според писмото на три страници кое го добиле во германскиот весник  Der Spiegel, Волф предложил план за користење на фабриките на Volkswagen од кои компанијата се обидува да се ослободи за да ја оживее иконската руска марка автомобили Volga.

Во писмото од јануари, Волф предложил новите возила на Volga да бидат базирани на моделите на Šкoda, но „целосно редизајнирани однадвор“ за да ги вклучат класичните карактеристики на дизајнот на Volga.

Во писмото, наводно испратено од Волф, се препорачува проект кој ќе бара значителна инвестиција од 60 милијарди рубљи (околу 735 милиони долари по тековен курс) од Русија, со цел да се произведуваат околу 270.000 возила годишно. Проектот имал за цел да ја ревитализира тешко „болната“ руска автомобилска индустрија, која се бори да опстане откако се соочи со меѓународни санкции.

Во замена, проектот на Волф ветувал создавање или спасување на 12.000 работни места. Путин, наводно, ја изразил својата поддршка за планот. Оператор на проектот би бил PromAvtoKonsalt, руска компанија за која Der Spiegel вели дека е во сопственост на самиот Wolf.

Додека Волф тврди дека имал „фундаментален договор со највисокото раководство на Volkswagen“ во врска со предложениот договор за заживување на руската автомобилска индустрија, тоа тврдење сега е доведено во прашање. Одборот на директори на Volkswagen соопшти дека „немаат сознание“ за наводно писмо и неговата „иритирачка содржина“.

Во последните неколку месеци Volkswagen наиде на правни проблеми во Русија. GAZ, компанијата која имаше договори со Volkswagen за производство на нови возила во Русија пред санкциите, двапати го тужеше Volkswagen од март кога беше донесена одлука да не продава на PromAvtoKonsalt.

Овие правни спорови имаа далекусежни последици, вклучително и замрзнување на руските средства на Volkswagen и потенцијално загрозување на неговиот бизнис со Avilon Automotive.

Der Spiegel, исто така, известува дека има наводи за соработка меѓу Schaeffler, добавувач на автомобили во чиј одбор е самиот Волф, и GAZ од март во подготовка за производство на автомобилои. Сепак, од Schaeffler ги негираат овие тврдења.