Porsche Macan Turbo – спортист маскиран како теренец / ФОТО+ВИДЕО
Porsche објави фотографии и технички детали за новиот 440 КС моќен Macan Turbo
Porsche Macan во 2018 година помина низ процес на рестилизација, за сега да биде унапреден и Macan Turbo. Најважните промени се под хаубата каде наместо 3.6-литарската V6 twin-turbo единица се наоѓа 2.9-литарски V6 twin-turbo бензинец.
Иако во однос на волуменот е помал, новиот агрегат произведува 40 КС повеќе од својот претходник. Максималната моќност од 440 КС (324 kW) се развива на 5.700 вртежи во минута, а максималниот вртежен момент е 550 Nm и е достапен во опсег од 1.800-5.600 вртежи во минута.
Моторот е спарен со 7-степен PDK менувач со двојна спојка, а моќноста се пренесува на сите четири тркала. Возилото доаѓа стандардно со 20-инчни алуминиумски тркала.
Новиот Porsche Macan Turbo од место до стотка забрзува за 4,3 секунди или за 0,3 секунди подобро од својот претходник, додека најголемата брзина на автомобилот е 270 km/h.