Porsche е првиот електричен автомобил кој надминал висинска разлика од 4.800 метри / ВИДЕО
Со цел да го промовира новиот модел, Porsche извел подвиг кој ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди
Организаторите успеале да ја пронајдат најниската точка во Америка достапна со автомобил од каде тргнале на пат кон облаците. Стартот бил на 540,8 метри под нивото на морето, во рудникот Eagle Mine во Мичиген, од кој се извлекуваат метали неопходни за електричните возила – никел и бакар. А потоа тргнал на пат долг 2.274 километри, во чие совладување учествувале три тима на возачи.
Автомобилот застанувал само за кратко освежување или полнење на батериите, па патувањето на крајот траело 33 часа и 48 минути. За тоа време, Porsche Taycan Cross Turismo се искачил на Pikes Peak, врв на 4.302 метри надморска височина, надминувајќи висинска разлика од дури 4.842,967 метри. Разликата во достапноста на кислород меѓу двете крајни точки е дури 40 проценти, што многу се одразува на заморот на возачот.
Целиот настан на камера го снимил Ј.Ф. Мусијал, кој бил патник, но и единствениот кој ги поминал сите делови од 34-часовното возење:
„Ова е меѓу најтешките работи што сум ги постигнал, претпоставувам затоа е рекорд. Никој од нас нема да го заборави ова. А сега одам да спијам една недела“.
Како потсетување, ова не е прв пат Porsche да соборува рекорди. Минатата година, со Taycan Turbo S е соборен брзинскиот рекорд во затворен простор возејќи низ конгресниот центар Ernest N. Morial со брзина од дури 165 km/h.
[useyourdrive dir=”1dynjCSxyJs_bEfesEAvN6Sb6wlFfeObq” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]