Porsche 919 Hybrid Evo со нов рекорд на патеката Спа-Франкоршамп
Фабричкиот возач Нил Јани со моделот 919 Hybrid Evo, кој нема никакви ограничувања или рестрикции, круг на патеката Спа Франкоршамп извозел за само 1:14,770 минути, што е за 0,783 секунди побрзо од рекордот на Луис Хамилтон од минатата година, поставен пред трката за белгиското ГП
Подеднакво импресивно е тоа што овој модел бил 12 секунди побрз од времето поставено со стандардиот 919 модел минатата година.
Во текот на возењето, Нил Јани достигнал максимална брзина од 359 km/h, а просечната брзина била 245,61 km/h. Бројка поради која болидите од Formula 1 изгледаат поспоро отколку што се.
Porsche 919 Hybrid Evo својот животен век го започна како прототип, кој минатата година победи на трката 24 часа Ле Ман во класата на прототипи. Ослободен од ограничувања за техничките правила и ограничувања, неговиот V4 мотор со турбо полнач сега развива 720 коњски сили, додека хибридниот систем развива дополнителни 440 КС. Треба да се спомене и силата на потисок која е 53 проценти поголема отколку кај стандардниот 919 модел
Всушност, овој модел произведува поголема сила на потисок отколку болидите во Formula 1, а тежи нешто помалку од тон, заедно со возачот во него.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1bP0SnTHpLv6gt6Oztz9n1r0wrYXgK1cK” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]