![„Porsche 911 SUV? Добра идеја“](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2018/11/1978-porsche-911-safari.jpg)
„Porsche 911 SUV? Добра идеја“
Веднаш откако Porsche ја претстави новата генерација на својот најпопуларен модел 911 под кодна ознака 992, се појави шпекулација за теренска верзија на овој врвен спортски автомобил
Иако Porsche веќе има SUV модели како Macan и Cayenne, многу фанови на овој бренд сонуваат за кросовер верзија која ќе го задржи духот на моделот 911. Сосема неочекувано, оваа идеја му се допадна на Детлев фон Платен, директорот за продажба и маркетинг на Porsche и член на управниот одбор на компанијата.
„911 е средишна точка на Porsche дизајнот и тоа влијание може да се види и на другите модели. Но, 911 да се претвори во SUV? Да се подигне? Тоа може да биде добра идеја, се разбира, како ограничена верзија, многу интересен производ“, вели Фон Платен.
Никој не може да го критикува Porsche за оваа идеја, без оглед на тоа што звучи незамисливо да се види 911 во SUV издание. Сепак, Porsche „измисли“ цела класа на SUV возила со високи перформанси создавајќи го Cayenne во далечната 2002 година, што е еден од најважните модели во историјата на овој производител.
Porsche уште пред неколку децении „си играше“ со теренска верзија на својот најпопуларен спортист, па така настанал и 911 Safari.
Замислете само SUV инспириран од овој модел со 6-цилиндерски турбоагрегат и погон на сите тркала.
Ако оваа идеја некогаш добие зелено светло, што е скоро неверојатно, Porsche за прв пат во историјата ќе направи 911 во друга каросериска изведба, бидејќи од создавањето на моделот пред 50 години, истиот е исклучиво купе со две врати.