Истражување покажува дека возачите се целосно беспомошни дури и при елементарни проблеми

Пред 20-30 години, скоро секој возач ја разбираше структурата на автомобилот, самостојно го сервисираше и можеше да поправи некои работи на него, кога е неопходно. Студијата на сајтовите Citydrive Service и ResearchMe покажува дека денешните возачи главно полнат гориво и го носат својот автомобил во перална за автомобили.

Во студијата учествувале повеќе од 1.200 луѓе, а според резултатите повеќето од нив – 77% – не знаат да поправат ниту мал дефект или пак да заменат некој дел од од автомобилот кој влегува во потрошен материјал. Помалку од половина од сопствениците на возила (47%) можат сами да го мијат својот автомобил, 38% – да додадат од потребните течности, а 36% – сами да ги напумпаат гумите.

Само секој трет возач (30%) може сам да ги замени брисачите на шофершајбната, а секој четврти (25%) може сам да се справи со менување на акумулаторот. Секој петти (20%) има вештини да менува сијалица или да менува гума.

Уште поразочарувачки се резултатите за поконкретни активности за поправки или одржување. Само 8% од испитаниците можат сами да ги менуваат влошките на сопирачките, а 7% од учесниците во анкетата признаваат дека дури и не знаат што значат индикаторите на контролната табла. Ако се запали нешто жолто или црвено, веднаш контактираат со сервисниот центар.