Актуелната генерација на BMW Серија 1 е позната по погонот на задните тркала, но исто така и по моќните шест-цилиндерски погонски агрегати. Но, се ближи крајот

Новата генерација доаѓа наскоро, а со неа BMW повторно урива табуа. По претставувењето на моноволуменот и тоа со преден погон, и овој модел ќе добие преден погон, додека 6-цилиндерските мотори од познати причини ќе бидат „пензионирани“.

А последниот од последните веќе е пристигнат на некои пазари. Неговото име е M140i Final Edition и ја донесува денес во компактниот сегмент заборавената спрега на моќен агрегат со 6-цилиндри од 340 КС со заден погон. Со доплата од околу 5%, клиентот добива повеќе шминка, од 18-инчни тркала до LED светла и безжично полнење за мобилниот телефон.

Кога станува збор за новата трета генерација, може да се очекува платформа која ја користат моделите X1 и X2 (i2 Active Tourer), но и дека понудата на мотори нема да оди подалеку од 2-литарски волумен во бензинскиот домен. Оние 300 КС веројатно ќе останат, а веројатно ќе стигне и уште помоќен хибрид.