![Помеѓу последните: 6-те цилиндри и задниот погон одат во историјата](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/02/2019-bmw-m140i-finale-edition.jpg)
Помеѓу последните: 6-те цилиндри и задниот погон одат во историјата
Актуелната генерација на BMW Серија 1 е позната по погонот на задните тркала, но исто така и по моќните шест-цилиндерски погонски агрегати. Но, се ближи крајот
Новата генерација доаѓа наскоро, а со неа BMW повторно урива табуа. По претставувењето на моноволуменот и тоа со преден погон, и овој модел ќе добие преден погон, додека 6-цилиндерските мотори од познати причини ќе бидат „пензионирани“.
А последниот од последните веќе е пристигнат на некои пазари. Неговото име е M140i Final Edition и ја донесува денес во компактниот сегмент заборавената спрега на моќен агрегат со 6-цилиндри од 340 КС со заден погон. Со доплата од околу 5%, клиентот добива повеќе шминка, од 18-инчни тркала до LED светла и безжично полнење за мобилниот телефон.
Кога станува збор за новата трета генерација, може да се очекува платформа која ја користат моделите X1 и X2 (i2 Active Tourer), но и дека понудата на мотори нема да оди подалеку од 2-литарски волумен во бензинскиот домен. Оние 300 КС веројатно ќе останат, а веројатно ќе стигне и уште помоќен хибрид.