Помалку е повеќе: Четири цилиндри и електричен турбо за новиот Mercedes-AMG SL43 / ФОТО+ВИДЕО
Откако SL 55 4Matic+ и SL63 4Matic+ добија 4.0-литарски твин-турбо V8, SL43 го зазема своето место како стартен модел во асортиманот
Речиси шеесет години откако од фабричките ленти е излезен последниот 4-цилиндерски SL (1963 година), Mercedes повторно воведува модел со четири цилиндри во својата предводничка култна родстер линија, во форма на новиот Mercedes-AMG SL43. Откако SL 55 4Matic+ и SL63 4Matic+ добија 4.0-литарски твин-турбо V8, SL43 го зазема своето место како стартен модел во асортиманот
Имено, станува збор за 2.0-литарски мотор со четири цилиндри со кодно име „M139“ кој користи електричен турбополнач и технологија добиена од тркачките болиди во Formula 1. Турбото работи преку електричен систем од 48 волти кој го напојува remenskiot стартер-генератор на ремени од втора генерација.
Освен што обезбедува привремено зголемување на моќноста, системот работи и како благ хибрид кој овозможува режим на „лизгање“ и враќање на енергијата за зголемена ефикасност.
Познатиот 2.0-литарски мотор поставен надолжно постигнува 381 КС (280 kW) при 6.750 врт/мин и 480 Nm максимален вртежен момент помеѓу 3.250 и 5.000 врт/мин, со засилување од 14 КС (10 kW) од стартер-генераторот во одредени ситуации во возењето. Тоа е помалку од 2.0-литарскиот турбо мотор сместен во A45 S или CLA 45 S, кои се способни за импресивни 421 КС (310 kW) и вртежен момент од 500 Nm.
Девет брзинскиот автоматски менувач MCT на AMG ја пренесува силата на задните тркала, а Германците тврдат дека до стотка SL43 AMG ќе стигне за 4,9 секунди (максимални 275 km/h).
Основната верзија на родстерот е стандардно опремена со челична суспензија AMG RIDE CONTROL и систем AMG DYNAMIC SELECT со пет режими на возење или шест ако се одлучите за опционалниот пакет AMG DYNAMIC PLUS.
Опционалниот пакет додава и спуштена суспензија (10 mm), поинакви носачи на моторот, електронски контролиран заден диференцијал со ограничено лизгање и жолти клешти на сопирачките.
Што се однесува до додатоците, тука е активниот систем за контрола на задната оска (HAL) кој ги ротира задните тркала било во спротивна насока (до 100 km/h) или во иста насока. Колку ќе чини сето тоа засега не е познато. Mercedes најави дека деталите за достапноста и цените ќе бидат објавени подоцна.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1U8C9ePchBBg8wJkZvyBKhbKuzuTKMeLs” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Покрај SL43, Mercedes-AMG работи и на plug-in хибридна варијанта R232 која би можела да се вика SL63 E-Performance со ист погон како AMG GT 63 E Performance, кој комбинира 4.0-литарски V8 со две турбини и електромотор за комбинирана моќност од масивни 842 КС (620 kW) и 1.400 Nm вртежен момент.