Полскиот премиер смета дека Норвешка не треба да го дели својот профит со неговата земја, туку со Украина

За жал, војната во Украина е економска можност за многумина. Се разбира, повеќето од оние кои имаа корист не започнаа напад врз суверена држава, но профитот расте, а во прв план во Европа е Норвешка, земјата со најголем број електрични автомобили по глава на жител и, парадоксално, една од најголеми извозници на нафта и плин. Грубо кажано тоа е како да го исчистите вашиот двор со преместување на целиот контингент ѓубре кај соседот.

„Норвешка треба да го подели огромниот профит што го направи од извозот на нафта и гас по руската инвазија на Украина“, вали полскиот премиер Матеуш Моравјецки. „Дали треба да и платиме на Норвешка огромна сума пари за гас – четири или пет пати повеќе отколку што плативме пред една година? Ова е болно“, додава Моравјецки.

Полскиот премиер смета дека Норвешка не треба да го дели својот профит со неговата земја, туку со Украина.

Полска ќе почне да добива природен гас од Норвешка преку проектот Baltic Pipe, кој се планира целосно да биде пуштен во употреба на почетокот на 2023 година. Норвежаните, пак, тврдат дека не профитираат и дека вложуваат пари во фондови за идните генерации и дека засилено и помагаат на Украина.