Причината е патент тужба за пристап до интернет, поднесена од јапонска компанија

Германскиот суд ја забрани продажбата на моделите на Ford кои имаат пристап до интернет во земјата. А причината е тужба поднесена од јапонска компанија, пренесува Reuters.

Судот бил приморан да преземе таков чекор откако јапонскaта компанија IP Bridge поднела тужба за кршење на правата за безжични технологии. Одлуката на судот во Минхен не е правно обврзувачка и може да се обжали.

За забраната да стапи на сила, тужителот, јапонската компанија, мора да приложи залог од 227 милиони евра. IP Bridge е категоричен дека Ford ги прекршува правата за лиценцирање на главните патенти за LTE мрежите. Производителот на автомобили објави дека дознал за тужбата, но нема да коментира за нејзината основа додека не се запознае со судската пресуда.

Експертите посочуваат дека оваа тужба јасно покажува како постепено ескалира односот меѓу телекомуникациските компании и производителите на автомобили, кои користат технологија во навигациските и мултимедијалните системи. Компаниите кои создаваат такви технологии ги повикуваат автомобилските компании да платат за нивната употреба.