Автомобилскиот бренд Polestar кој е во сопственост на Volvo Cars, објави дека има за цел на пазарот до 2030 година да го понуди првиот патнички автомобил кој ќе биде климатски неутрален, со радикално менување на традиционалниот пристап кон производството

Според уделот на пазарот, производителот на електрифицирани автомобили Polestar не е значаен играч на светската сцена, но бидејќи е во сопственост на Vоlvo Cars, тој може да си дозволи да постави амбициозни цели кои и не мора да бидат веднаш комерцијално остварливи.

Намерата или поточно целта е објавена на презентацијата на годишниот финансиски извештај, од страна на генералниот директор на компанијата, Томас Ингенлат.

Таа цел вклучува производство и преставување на автомобил од проектот Polestar 0, првиот вистински климатски неутрален електричен автомобил кој има нула „јаглероден отпечаток“ – од првиот до последниот момент од постоењето на возилото.

Досега, климатската неутралност на ниво на одделни постројки или компании се постигнуваше со намалување на емисиите и т.н. „купување јаглеродни кредити“, но многу експерти велат дека ваквиот пристап не е одржлив на долг рок, особено во традиционално „валканата“ автомобилска индустрија и не гарантира дека климатските промени ќе можат да запрат.

Томас Ингенлат затоа најавува дека Polestar ќе биде првиот производител кој целосно ќе ја промени парадигмата и ќе се движи во правец кој денес изгледа можеби недостижен. На патот кон климатски неутрален автомобил, тој ќе мора да ги преиспита сите претходни процеси и да бара новини во сите области на технологијата.

Следната област што треба да се „зазелени“ е производството и емисиите на гасови одговорни за „ефектот на стаклена градина“ кои се создаваат во тој процес, се со цел новите возила од линијата Polestar 0 да бидат еколошки неутрални во текот на целиотнивен животен циклус.

„Клиентите нè туркаат кон одржлива економија. Денес, кога Polestar 2 ја напушта фабриката, остава јаглероден отпечаток, а до 2030 година, ние сакаме да претставиме автомобил што не го прави тоа“, вели Ингенлат.

Loading...

AnimeFreak watch animes: Watch The Misfit of Demon King Academy (Dub) Episode 6 (https://animefreak.ws/m/45vj/ep-6)

AnimeHeaven weathering with you animeheaven: Watch Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 8